Иселеничка ГРАМОТА

gramota

МАТИЦА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

РАСПИШУВА

КОНКУРС ЗА „ИСЕЛЕНИЧКА ГРАМОТА“ – 2014

НАГРАДЕНИОТ ПОЕТ ЌЕ НАСТАПИ НА ..ПРАЗНИК НА ЛИПИТЕ” МАТИЦАТА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА РАСПИШУВА КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ Н.А. ТРАДИЦИОНАЛНАТА ..ИСЕЛЕНИЧКА

ГРАМОТА” ЗА НАЈДОБАР ПОЕТСКИ ОПУС ОБЈАВЕН МЕЃУ МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ЗА 2013 – 2014 ГОДИНА. НАГРАДАТА ЌЕ БИДЕ ВРАЧЕНА ВО РАМКИТЕ НА ПОЕТСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ,.ПРАЗНИК НА ЛИПИТЕ” НА ДПМ, А НАГРАДЕНИОТ ПОЕТ ОД ДИЈАСПОРАТА ЌЕ НАСТАПИ СО СВОИ ТВОРБИ. АВТОРИТЕ ДА ГИ ДОСТАВАТ СВОИТЕ ТВОРБИ ДО МАТИЦАТА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА – ВО ЧЕТИРИ ПРИМЕРОЦИ НА АДРЕСА: МАТИЦА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА. УЛ. 27 МАРТ БР. 5 П.ФАХ БР 7. 1000 СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. КОНКУРСОТ ЗАВРШУВА НА ДЕСЕТТИ (20) МАЈ 2014 ГОДИНА. ЖИРИ КОМИСИЈАТА ДОБИТНИКОТ НА ..ИСЕЛЕНИЧКАТА ГРАМОТА” ЌЕ ГО СООПШТИ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА НА МАТИЦАТА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ (www.maticanaiselenici.com).

 

Доделена наградата за најдобра поетска збирка во дијаспората

„Иселеничка грамота“ за Жаклина Михајлова и Лилјана Стоилковска-Андовска

zaklina i lile

 

Наградата „Иселеничка грамота“, што традиционално ја доделува Матицата на иселениците за најдобра објавена поетска книга од македонските иселеници годинава им се додели на поетесите Жаклина Михајлова од Сиднеј, Австралија, за нејзината поетска книга „Од по жица“ и Лилјана Стоилковска – Андовска од Малме, Шведска, за поетската книга „Аксиос“.
Во образложението на Жири комисијата во состав: д-р Христо Петрески (претседател) и Ефтим Клетников, Иван Чаповски, д-р Вера Стојчевска Антиќ и Елена Оровчанец-Спироска (членови) стои:
„Наградата Иселеничка грамота првенствено има цел да мотивира и стимулира, но и да го вреднува творештвото на авторите од Македонија во странство.
Со оглед на високите естетски рамништа и пораки содржани во нивните две книги, Жири комисијата сметаше дека и двете поетски книги се издвојуваат од останатата поетска продукција со својата заокруженост и целовитост, тематско-мотивските содржини и изразно-стилските постапки“.
Лилјана Стоилковска – Андовскае родена во Скопје каде што завршила Учителска школа и Педагошка академија, за потоа да дипломира педагогија на Филозофскиот факултет. Сега живее во Малме, Шведска, каде твори и не престанува да работи на полето на културно-уметничкото презентирање на македонија на тие простори. Првата стихозбирка „Разбудена биднина“ ја најавува нејзината определба како поетеса. Втората стихозбирка е насловена „Животот е фантастичен, но…“, а третата „Аксиос“ го носи митолошкото име на реката Вардар.
Жаклина Михајлова е родена во Кочани. Завршила Педагошка академија во Скопје, а потоа и Филолошки факултет – група национална литература и македонски јазик, на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Објавувала поезија и проза во најразлични литературни списанија и весници. „Од по жица“ е нејзина прва самостојна книга поезија.
Наградата на Жаклина Михајлова и Лилјана Стоилковска – Андовска ќе им биде врачена на поетската манифестација „Празник на липите“ на Друштвото на писателите на Македонија што ќе се одржи во средината на јуни.

Код

Кодот наш насушен
да го извадиме на виделина
и со него горди да
да зачекориме во иднина!
Тој е одговор на сите енигми,
тој е решение за сите проблеми,
тој е нишка за вистината!
тој наредува,
тој обврзува,тој пресудува!
Кој
Од од до вечна
Доблест и постоење?

Далеку

Преку полиња и планини,
далеку, далеку преку мориња,
кај што галеби летаат,
од топлите лета дојдов.

Млада зелена гранка
подајте и на мојава рака,
пред сонцето да се скрие
да ме заржат тие.

На ехото на празнината
мораме да свикнеме,
како во зандани пусти
со затворени затегнати усти.

Не мислете вие со оваа песна
неодложна помош барам,
за сите раселени, за сите нас
ненаплатен Господов спас.

presek strana

НА „ПРАЗНИК НА ЛИПИТЕ“
ВРАЧЕНА НАГРАДАТА „ИСЕЛЕНИЧКА ГРАМОТА“ НА МАРИЈА – ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКА

НА ПОЕТЕСАТА МАРИЈА – ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКА ОД ВАШИНГТОН, САД, И БЕШЕ ВРАЧЕНА НАГРАДАТА „ИСЕЛЕНИЧКА ГРАМОТА, ШТО ЈА ДОДЕЛУВА МАТИЦАТА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА.

НАГРАДАТА ЈА ДОБИ ЗА НЕЈЗИНАТА ПОЕТСКА КНИГА „ЕМИ…КУКЛИТЕ…ЦУНАМИ…НЕБО“, А И ЈА ВРАЧИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАТИЦАТА, М-Р ИВАН ЏО ПЕТРЕСКИ, НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА ПРАЗНИК НА ЛИПИТЕ, НА ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА.

-ПОЕТСКИОТ ИСКАЗ НА МАРИЈА-ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКА Е ВПЕЧАТЛИВ И ПРЕПОЗНАТЛИВ, ПРЕД СЕ’ СО ДЛАБОКАТА МИСЛОВНА ДИМЕНЗИЈА НА ТЕМАТСКИТЕ КРУГОВИ, СО ИНОВАТИВНИТЕ ЛИРСКИ ПРОНИКНУВАЊА И СО РЕТКАТА ОБЗЕМЕНОСТ ЗА ОТКРИВАЊЕ НОВИ ЛЕКСИЧКИ ВРЕДНОСТИ, ВО ВИД НА НОВИ ЗБОРООБРАЗУВАЊА, ПО ПРИМЕРОТ НА СВОЈОТ ПРОФЕСОР ГАНЕ ТОДОРОВСКИ.

ПОЕЗИЈАТА НА МАРИЈА КУКУБАЈСКА ЧЕСТО ИМА ТРАГИЧНИ ОДЗВУЦИ, НО ИСТО ТАКА И РЕФЛЕКСИИ ЗА ОПШТАТА НАЦИОНАЛНА ТРАГИКА, ИСПРЕПЛЕТЕНА И СО НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ И СО ГЛОБАЛИСТИЧКА, ПЛАНЕТАРНА СВЕСТ. ЗНАЧАЕН Е И НЕЈЗИНИОТ АНГАЖМАН И ПРИДОНЕС ВО АФИРМАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЕТСКА РЕЧ И НАДВОР ОД СИНОРИТЕ НА НАШАТА ТАТКОВИНА, ИСТАКНА ПЕТРЕСКИ ПРИ ВРАЧУВАЊЕТО НА НАГРАДАТА.

КНИГАТА „ЕМИ…КУКЛИТЕ…ЦУНАМИ…НЕБО“ Е ПОСВЕТЕНА НА МАКЕДОНСКАТА ПОСТХУМНО ОБЈАВЕНА ПИСАТЕЛКА И ПОЕТЕСА ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКА, АМЕРИКАНКА ОД МАКЕДОСКА ФАМИЛИЈА, РОДЕНА ВО АФРИКА.

 

НА ПОЕТСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „ПРАЗНИК НА ЛИПИТЕ“ ВО ДПМ
ВРАЧЕНА НАГРАДАТА „ИСЕЛЕНИЧКА ГРАМОТА“ НА ДУШАН РИСТЕВСКИ

 

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top