Статут

Врз основа на член 5, 72, 76 од Законот за здруженија на граѓани и фондации (Сл. весник на РМ бр. 31/98), и согласно Одлуката за измени за дополнувања на Статутот на Матицата на иселениците од Македонија бр. 08/459 од 09.10.1998 година, Собранието на Матицата на иселениците од Македонија на својата седница одржана на 16. 10. 1998година, го донесе следниот

 

С Т А Т У Т

На Матицата на иселениците од Македонија

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

Член 1

Матицата е основана по иницијатива на повратници, културни и општествени работници од Македонија на 17 мај 1951 година, согласно тогашните законски одредби на НРМ, како културно друштво “Матицата на иселениците од Македонија “ , со седиште во Скопје.

Матицата е здружение од јавен интерес.

Матицата на иселениците од Македонија ( во натамошниот текст : Матицата) ги развива, продлабочува и проширува контактите со иселениците од Македонија и со припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји, со цел да придонесува за нивно културно и духовно обединување, одржување на комуникациите и врските на Македонија со иселениците од Македонија, како и води грижа за припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји.

 

Член 2

Матицата е непрофитно здружение.

Ако Матицата во работењето оствари добивка таа мора да биде употребена исклучително за поддржување и остварување на нејзините цели и активности утврдени со Статутот.

 

Член 3

Матицата е правно лице со седиште во Скопје.

Подрачјето на нејзиното дејствување е Република Македонија и земијте каде што живеат иселениците и нивните поколенија.

Матицата соработува со сите иселеници без оглед на нивната национална, политичка и верска припадност и мотивите за нивно иселување, како и со припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји.

Член 4

Матицата има свој амблем, кој се состои од глобус во чиј долен дел се стилизирано претставени планините, езерата и реките во Македонија, потоа тутунот, афионот и елемент од македонскиот народен вез. Околу глобусот, од лево на десно, во круг е испишано : Матица на иселениците од Македонија.

Матицата има свој печат со тркалезна форма со следниот текст: Матица на иселениците од Македонија – Скопје.

Меморандумот на Матицата истовремено е напишан на македонски, англиски, германски, француски, шведски и шпански.

 

Член 5

Работата на Матицата и нејзините органи и тела е јавна. За остварување на јавноста на работата на Матицата одговорен е нејзиниот Извршниот одбор.

Јавноста на својата работа Матицата ја обезбедува :

•  со известување на иселениците, припадниците на македонскиот народ во соседните земји и пошироката јавност за својата дејност, преку илустрираното списание “ Македонија “ и други публикации и останати облици на јавно информирање ;

•  преку соработка со претставници на други правни лица кои учествуваат и помагаат во работата на Матицата.

 

Член 6

Матицата соработува со институци, организации, државни органи и поединци во Република Македонија, како и со разновидни организации, црковни општини, друштва, здруженија, клубови, секции и други форми на организирање и организации на иселеници од Македонија и на припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји.

 

 

II. ДЕЈНОСТ НА МАТИЦАТА

 

Член 7

Матицата својата програма ја реализира преку :

•  воспоставување, одржување, проширување и потикнување на соработката и врските меѓу Република Македонија и иселениците, нивните потомци и припадници на македонскиот народ во соседните земји;

•  помагање во негувањето на националната свест, јазик и култура меѓу иселениците од Македонија и меѓу припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји ;

•  поттикнување и помагање во проучувањето и развивањето на националните, културните, социјалните, економските, политичките и правните прашања на иселениците како и следење и анализирање на миграционите процеси на Македонците и другите граѓани на Република Македонија, како и состојбите на овој план кај припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји;

•  соработка со други институции при организирањето и одржувањето на дополнителното образование меѓу иселениците од Македонија и припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји;

•  поттикнување и помагање во поврзување на стопанството од Република Македонија со видни бизнисмени – иселеници и бизнисмени – припадници на македонскиот народ кои живеат во соседните земји;

•  издавање на илустрираното списание “ Македонија “, Ѕидниот календар и други публикации преку коишто иселеништвото и припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји ги запознава со дејноста на Матицата, со настаните во татковината, со животот во татковината и во иселеничките средини, соработка во издавањето на иселеничкиот печат и други публикации;

•  поттикнување на средствата за јавно информирање во Републиката за афирмација на настаните и процесите меѓу иселеништвото и припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји;

•  помагање на иселениците за остварување на правата за време на нивниот престој во или при конечното враќање во Република Македонија ;

•  поттикнување и организирање на меѓусебни посети и гостувања на културно – уметнички и спортски друштва, на научници, на стопанственици и други субјекти од Репиблика Македонија, на иселениците во светот и на припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји;

•  информирање на јавноста и надлежните органи во Република Македонија за проблемите во иселеничките средини и средините на припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји и давање предлози за нивно решавање;

•  организирање посети и средби на иселениците и на припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји во Република Македонија и

•  други форми и облици кои ќе произлезат од дејноста на Матицата.

 

 

III. ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАТИЦАТА

Член 8

Матицата се организира во општински здруженија основани врз територијален принцип.

Општинските здруженија можат да се организираат за една или повеќе општини врз основа на овој Статут, по предлог на најмалку 5 (пет) лица.

Согласноста за формирање на општинско здружение дава Извршниот одбор на Матицата на иселеници од Македонија, врз основа на предложената програма за работа на општинското здружение.

 

Член 9

Највисок орган на општинското здружение е Собранието.

Собранието го избира Извршен одбор.

 

Член 10

Општинските здруженија на Матицата својата организација и работа ја утврдуваат со посебен Статут кој го донесува Собранието на општинското здружение , врз основа на претходна согласност на Собранието на Матицата, а по мислење на Извршниот одбор на Матицата на иселениците од Македонија.

Статутите на општинските здруженија се во согласност со овој Статут.

 

 

IV. ОРГАНИ НА МАТИЦАТА

 

Член 11

Органи на Матицата се:

•  Собрание;

•  Извршен одбор.

 

Член 12

Собранието е највисок орган на Матицата кое се конституира врз претставничка основа , од претставници на општинските здруженија на Матицата , како и претставници на одделни институции и здруженија кои со својата работа даваат особен придонес во соработката со иселеништвото и со припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји.

Претседателите на општинските здруженија на Матицата по својата функција се претставници во Собранието на Матицата на иселеници од Македонија.

Бројот, составот и начинот на избор на претставниците во Собранието, како и институциите и здруженијата кои избираат во Собранието, се определуваат со посебна одлука на Собранието , по предлог на Извршниот одбор.

 

Член 13

Собранието работи на редовни и вонредни седници.

Редовната седница еднаш годишно ја свикува Извршниот одбор на Матицата.

Вонредна седница може да се свика по иницијатива на Извршниот одбор на Матицата или ако тоа го побараат 1/5 од претставниците на Собранието.

Доколку Извршниот одбор на Матицата не свика вонредна седница во рок од приемот на барањето, истото можат да го сторат предлагачите.

Седниците на Собранието се одвиваат согласно Деловодникот за работа на Собранието.

Член 14

Поканата и материјалите за седниците на Собранието се доставуваат најмалку 7(седум) дена пред одржувањето на Собранието.

Дневниот ред за седницата и материјалите ги подготвува Извршниот одбор на Матицата, кој предлага работно претседателство на Собранието, верификационата комисија и записничар.

На изборното собрание се избира Изборна и Кандидациона комисија.

 

Член 15

Собранието работи и полноважно одлучува на седницата ако присуствуваат повеќе од половина од вкупниот број на преставниците, а одлуките ги донесува со мнозинство на гласови од присутните преставници.

Член 16

Мандатот на преставниците на Собранието и неговите органи трае 4 (четири) години, со можност за повторен избор.

 

Член 17

Со работата на Собранието раководи Работното претседателство кое го избира Собранието, на предлог на Претседателот на Матицата.

 

Член 18

По правило гласањето е јавно освен ако Собранието не одлучи да биде тајно.

 

Член 19

Собранието ги има следните надлежности :

•  го донесува, менува и дополнува Статутот на Матицата и ги толкува неговите одредби;

•  усвојува финансиски план за тековната година и завршна сметка за изминатата година;

•  ги разгледува и усвојува извештаите на органите на Матицата за изминатата година;

•  ја разгледува и усвојува програмата за работа на Матицата за тековната година;

•  донесува препорака, во случај на недоволна активност, да се одржат предвремени избори на органите на општинските здруженија на Матицата по предлог на Извршниот одбор на Матицата ;

•  расправа по сите прашања од интерес за унапредување на врските и соработката со иселениците и со припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји, и во таа смисла донесува заклучоци, ставови, препораки и друго;

 

•  покренува иницијативи за донесување на закони и други општи акти кои ги донесува Собранието на Република Македонија или Владата, со кои се регулираат прашања од областа во која дејствува Матицата;

•  ги избира и ги разрешува членовите на Извршниот одбор;

•  решава за престанокна постоење на Матицата;

•  врши и други работи со овој Статут или други акти на Собранието на Матицата.

 

ИЗВРШЕН ОДБОР

Член 20

Извршниот одбор е извршен орган на Собранието на Матицата и за својата работа е одговорен пред Собранието.

Од редот на членовите на Извршниот одбор Собранието избира Претседател на Матицата.

Со Извршниот одбор раководи Претседателот на Матицата.

Секретарот на Матица и Главниот и одговорен уредник на списанието “ Македонија “ по своја функција се членови на Извршниот одбор.

 

Член 21

Бројот на членовите на Извршниот одбор е непарен и се утврдува со посебна одлука на Собранието. Нивниот мандат трае 4 (четири) години со можност за повторен избор.

Мандатот на член на Извршен одбор може да му престане и пред време доколку неоправдано отсуствува од 3 (три ) седници едноподруго.

 

Член 22

Членовите на Извршиот одбор ги избира Собранието од редот на претставниците на Собранието на Матицата.

 

Член 23

Извршниот одбор по правило се состанува најмалку еднаш во два месеца, а може да се состане и по потреба .

 

Член 24

Извршниот одбор работи и решава на седници на кои за полноважно одлучување потребно е присуство на повеќе од половина од вкупниот број членови на Извршниот одбор, а се одлучува со мнозинство гласови од присутните.

 

Член 25

Извршниот одбор ги врши следните работи :

•  води грижа за остварување на Програмата на Матицата, како и на заклучоците, ставовите и други акти што ги донесува Собранието;

•  ја помага, усогласува и насочува работата на општинските здруженија на Матицата;

•  организира разновидна соработка со организации и со институции за покренување на активности од поширок интерес за Република Македонија, за иселеништвото од Македонија и за припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји;

•  ги подготвува завршната сметка за изминатата година и финансискиот план за тековната година;

•  ги подготвува извештајот за изминатата година и програмата за работа за тековната година;

•  управува и стопанисува со материјалните и просторните добра на Матицата;

•  Извршниот одбор предлага претставници од Матицата во определени надворешни органи, организации и институции, кои ќе побараат претставник од Матицата;

•  го именува и разрешува Секретарот на Матицата;

•  го именува и разрешува Главниот и одговорен уредник на списанието “ Македонија “;

•  подготвува предлог акти и други одлуки што ги донесува Собранието на Матицата;

•  му предлага на Собранието распишување на предвремени избори на органите на општинските здруженија на Матицата;

•  донесува одлука за издавање простории на Матицата под наме;

•  формира постојани и повремени помошни тела и го определува нивниот состав и делокруг на работа;

•  донесува одлуки за избор и именување на членови на Советот на иселениците од Македонија и почесни членови на Матицата;

•  ги уредува сите односи во врска со вработените во Матицата;

•  предлага кандидати за одликување и признанија од составот на преставниците од Собранието и видни иселеници;

•  одлучува за награди и признанија за членови на органите на Матицата и вработените во Матицата;

•  врши и други задачи што ќе му ги довери Собранието.

 

Член 26

На седниците на Извршниот одбор може да се покануваат одделни јавни, културни и научни работници кои не се членови на Извршниот одбор, во зависност од дневниот ред.

По потреба претседателите на општинските здруженијата присуствуваат на седници на Извршниот одбор.

 

Член 27

Матицата на иселениците од Македонија има Претседател на Собранието на Матицата, кој истовремено е Претседател на Извршниот одбор.

Претседателот на Матицата раководи со работата на Извршниот одбор, Собранието на Матицата и Советот на иселениците од Македонија и ја претставува и застапува Матицата.

За својата работа Претседателот е одговорен пред Собранието на Матицата.

Член 28

Претседателот ги свикува седниците на Извршниот одбор и се грижи за подготвување на седниците на Извршниот одбор и Собранието на Матицата, ги потпишува актите што ги донесува Собранието и Извршниот одбор како и останатите поважни акти на Матицата, а меѓу две седници на Извршниот одбор се грижи за извршување на задачите што произлегуваат од одлуките на Извршниот одбор.

Претседателот ја застапува и претставува Матицата и е наредбодавател за извршување на финансискиот план на Матицата.

По потреба, Претседателот може на Секретарот да му ја пренесе функцијата на застапување на Матицата.

Член 29

Претседателот го избира Собранието на Матицата за време од 4 ( четири ) години со можност за повторен избор.

 

 

V. ПОМОШНИ ТЕЛА НА МАТИЦАТА

 

Член 30

Помошни тела на Матицата се :

•  Советот на иселениците од Македонија;

•  Советот на млади

•  и други помошни тела.

 

СОВЕТ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

Член 31

Советот на иселениците од Македонија е координативно – консултативно тело на Извршниот одбор на Матицата преку кое се остварува непосредна поврзаност на иселениците од Македонија и на нивните асоцијации во светот со Македонија, како и со припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји.

Во работата на Советот на иселениците од Македонија рамноправно партиципираат и претставници од организационите форми на припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји.

 

Член 32

Советот на иселениците од Македонија меѓу седниците на Советот работи преку писмена, усна и друга комуникација.

 

Член 33

Одлука за бројот, начинот на изборот и изборот на членови на Советот на иселениците од Македонија донесува Извршниот одбор на Матицата на иселениците од Македонија.

Член 34

Работата на Советот на иселениците од Македонија ја координира Претседателот на Матицата при што членовите на Советот редовно ги запознава со работата на Матицата.

Членовите на Советот на иселениците од Македонија своите ставови и предлози ги доставува до Матицата.

Претседателот на Матицата е должен да го информира Извршниот одбор на Матицата за овие ставови и мислења.

 

 

СОВЕТ НА МЛАДИ

Член 35

Советот на млади е координативно – консултативно тело на Извршниот одбор на Матицата преку кој се остварува воспоставување, одржување, развивање, проширување и продлабочување на контактите меѓу младите од Република Македонија, иселеништвото и припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји.

 

Член 36

Советот може, во согласност со основните определби за неговото работење и организирање, да покренува иницијативи за формирање на совети на млади кај младите во иселеничките средини и припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји.

 

Член 37

Советот на млади од своите редови избира Претседател на Советот.

Член 38

Претседателот на Советот на млади ги свикува седниците на Советот и раководи со нив.

 

 

VI. СТРУЧНА СЛУЖБА

 

Член 39

За вршење на стручните, културно – просветните, информативните, документарните, редакциските, организационите, финансиските и административно – техничките работи, Матицата организира Стручна служба која ја сочинуваат сите вработени во Матицата. Матицата со вработените склучува договор за работа на неопределено или определено работно време во согласност со Закон и Колективен договор.

Прашањата за организацијатаи систематизацијата се уредуваат со Правилникот за организација и систематизација и работа на Стручната служба на Матицата, кој го донесува Извршниот одбор.

Со Стручната служба раководи Секретарот на Матицата.

 

Член 40

Секретарот на Матицата ги врши следните работи :

•  раководи со стручната служба на Матицата и по Статутот е работоводен орган;

•  се грижи за следење на процесите во иселеничките средини, за нивното анализирање и презентирање пред органите на Матицата и поширко;

•  се грижи и предлага мерки во врска со организациската поставеност и функционирање на Матицата и нејзините општински здруженија во Републиката ;

•  ги подготвува седниците на Извршниот одбор и Собранието на Матицата;

•  се ангажира во спроведувањето на одлуките на Извршниот одбор и Собранието;

•  ја следи реализацијата на Програмата за работа на Матицата;

•  предлага мерки за поефикасно работење на Стручната служба;

•  ја следи материјално – финансиската состојба на Матицата и на општинските здруженија на Матицата и предлага мерки за нејзино унапредување.

 

Член 41

За својата работа и за работата на стручната служба Секретарот е одговарен пред Извршниот одбор, а меѓу две седници работи по упатствата на Претседателот.

Во случајот на отсуство на Секретарот го заменува лице кое тој ќе определи.

Член 42

Извршниот одбор именува Секретар на Матицата за време од 4 (четири) години со можност за повторно именување.

 

Член 43

За успешно и целисходно остварување на своите цели, Матицата организира и реализира издавачка дејност.

Матицата го издава списанието “ Македонија”, Ѕидниот календар и други публикации што се во функција на развивање на културните, творечките и духовните вредности за потребите на иселеништвото и припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји.

 

Член 44

Со издавачката дејност на Матицата раководи Главниот и одговорен уредник на списанието “ Македонија “ кој ги врши следните работи :

•  ги следи процесите во иселеничките средини и во средините на припадниците на македонскиот народ кои живеат во соседните земји;

•  се грижи за материјално – финансиска состојба во делот на издавачката дејност на Матицата и предлага мерки за нејзино унапредување ;

•  се грижи за квалитетот, содржините и навремено излегување од печат на списанието “ Македонија “, Ѕидниот календар и други публикации.

Член 45

За својата работа Главниот и одговорен уредник одговорен е пред Извршниот одбор и Претседателот на Матица.

 

Член 46

Извршниот одбор именува Главен и одговорен уредник на списанието “ Македонија “, за време од 4 ( четири ) години со можност за повторно именување.

 

 

VII. МАТЕРИЈАЛНО – ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ И ИЗВОРИ НА МАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА

 

Член 47

Средствата за дејноста на Матицата се формираат од :

•  Буџетот на Република Македонија,

•  Приходи од сопствени дејности ,

•  Доброволни прилози и

•  Завештанија и подароци.

 

Член 48

Потрошувачката на средствата треба да биде во согласност со годишниот финансов план за работа и одделни дејности на Матицата.

Во финансиското и материјално работење на Матицата, одговорните работници овластени за располагање со средствата треба да се однесуваат грижливо и одговорно согласно Законот и актите на Матицата.

Со завршната сметка се врши дефинитивнта распределба на средствата за лични доходи и фондови за подмирување на материјалните трошоци и други обврски.

Финансиското работење се врши согласно Законот за буџет, а контрола за наменското користење и располагање со средствата и приходите на Матицата врши Министерството за финасии на Република Македонија.

 

VIII. ПРЕСТАНОК НА РАБОТА НА МАТИЦАТА

 

Член 49

Матицата престанува со работа врз основа на одлука на Собранието на Матицата кога ќе настанат условите предвидени во со член 52 од Законот за здруженија на граѓани и фондации.

Во случај на престанок на работа на Матицата, имотот се пренесува на Собранието на Република Македонија .

 

 

IX. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

Член 50

Се задолжува Извршниот одбор на Матицата во рок од 6 месеци да ги усогласи постојните акти на Матицата со одредбите од овој Статут.

 

Член 51

Со денот на донесувањето на овој Статут престанува да важи Статутот на Матицата донесен од Собранието на Матицата на 29.06.1993 година.

Мандатот на членовите на органите и телата на Матицата продолжува и трае до времето за редовни избори.

 

Член 52

За стручно толкување на одредбите на овој Статут надлежен е Извршниот одбор на Матицата.

 

Член 53

Измени и дополнувања на овој Статут надлежен е Извршниот одбор на Матицата.

 

Член 54

Овој Статут влегува во сила со денот на донесувањето од страна на Собранието на Матицата .

 

 

 

Број 08 – 472

Скопје, 25.02.2006 година

П р е т с е д а т е л,

М-р Иван Џо Петрески

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top