Од Македонија се иселиле 10.000, а не 500.000 граѓани Reviewed by Momizat on . Една година од прекинувањето на најголемата статистичка операција во Македонија, најверојатно поради недостиг од официјални податоци и факти, во медиумите прост Една година од прекинувањето на најголемата статистичка операција во Македонија, најверојатно поради недостиг од официјални податоци и факти, во медиумите прост Rating:

Од Македонија се иселиле 10.000, а не 500.000 граѓани

Од Македонија се иселиле 10.000, а не 500.000 граѓани

Една година од прекинувањето на најголемата статистичка операција во Македонија, најверојатно поради недостиг од официјални податоци и факти, во медиумите проструија контрадикторни информации, кои велат дека наводно 447.000 лица во последната декада се иселиле од земјата!

Има или нема ваков загрижувачки број на Македонци што се иселиле оттука најверојатно ќе се дознае на собраниска седница, која опозициските партии НСДП, СДСМ и ПЕИ ја побарале од претседателот на Собранието, Трајко Вељановски. Опозицијата излегла со ваква бројка повикувајќи се на пишувањата на неколку медиуми и на статистиката од податоците на Светска банка, според која, Македонија е на 23-то место во светот на листата земји чии граѓани најмногу се иселуваат.

Во информацијата до Вељановски, со која се бара да се одржи собраниска седница, како клучни фактори за одливот на населението се наведени мизеријата, невработеноста од над 30 отсто, лошиот квалитет на животот, бесперспективноста на младите, несигурната безбедносна состојба и неизвесната иднина. Според анализата на пратениците од опозицијата, бројот на иселени лица е дури 21,9 отсто од вкупното население во Македонија. Тоа нѐ става во друштвото на палестинските територии Западен Брег и Газа, од каде што има најмногу емигранти – 68,3 отсто од населението, во ЕУ и САД и Самоа, Гранада, Сент Лусија, Сано Томе-и-Принсипе.

Од регионот друштво ни прават Албанија, со 45,4 проценти од населението во емиграција, и Босна и Херцеговина, со 38,9 отсто. Светска банка констатирала дека Македонците најмногу се иселуваат во Италија, Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Франција, како и во САД и Канада.

Од друга страна, пак, официјалните податоци од Државниот завод за статистика велат дека има и имало иселување на македонски граѓани, но не во толкав број ниту, пак, со таква динамика како што тврди опозицијата.

ЛАНИ СЕ ИСЕЛИЛЕ 1.143 ГРАЃАНИ 

Според податоците од Државниот завод за статистика за миграциските движења во земјава, во 2011 година се иселиле 1.143 граѓани.

Статистиката покажува дека бројот на македонски граѓани што си одат од земјава континуирано расте и минатогодишната цифра е најголема од 2007 година досега. Од вкупниот број граѓани што лани емигрирале, најмногу, 803 лица, се од Охрид, а второ место по бројот на иселеници е Дебарца, од каде што лани во странство заминале 117 македонски граѓани.

СТАТИСТИЧКА ГРЕШКА 

Професорот Никола Панов вели дека тврдењата што ги изнесуваат медиумите и опозицијата, со кои се констатира дека во последните десетина години од Македонија се иселени 447.000 граѓани, најверојатно се статистичка грешка.

– Нема логика во овие тврдења дека речиси една четвртина од вкупното население на државата се иселило за десетина години. Тоа не е точно, а зад овој став јас одговорно стојам, бидејќи за меродавни може единствено да се земат податоците со кои располага нашата држава од последниот попис на населението – вели професорот.

На оваа изјава се надоврзува статистичарот Дончо Герасимовски.

Тој тврди дека во просек од државата се иселуваат приближно 1.000 граѓани годишно, па ако се земе период од десетина години максималната бројка на иселеници може да изнесува 10.000 лица, па дури и тоа е многу, а во никој случај 447.000 македонски граѓани.

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ЗАМИНУВААТ ВО АВСТРАЛИЈА 

Австралија лани била најпосакувана дестинација за иселување и во оваа земја се иселиле 254 македонски граѓани. Германија е на второто место со 168 македонски граѓани што емигрирале во оваа држава во 2011 година, а Америка е трета дестинација по бројот на македонски иселеници. Во текот на минатата година таму се иселиле 147 македонски граѓани, од кои 129 лица емигрирале во САД.

 

Интересно е што покрај повеќегодишниот пораст на бројот на иселениците, во земјава има и континуиран пораст на бројот на доселеници, а податоците за миграциските движења покажуваат дека од 2007 до 2011 година бројот на доселеници е поголем отколку бројот на лица што заминуваат во странство. Така, лани во Македонија се доселиле 3.211 лица. Статистичките податоци покажуваат дека меѓу доселениците доминирале странците со привремен престој (1.747 лица) и странците со продолжен престој (1.115 лица).

Најголем дел од доселените странци се од Турција, Албанија, Србија, Косово и од Бугарија.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top