Бидете дипломатски активни кон соседите Reviewed by Momizat on . На Македонија годинава ~ е потребна поинаква дипломатска активност - да ги подобри односите со соседите колку што може повеќе, вели британскиот амбасадор во зем На Македонија годинава ~ е потребна поинаква дипломатска активност - да ги подобри односите со соседите колку што може повеќе, вели британскиот амбасадор во зем Rating:

Бидете дипломатски активни кон соседите

Бидете дипломатски активни кон соседите

На Македонија годинава ~ е потребна поинаква дипломатска активност – да ги подобри односите со соседите колку што може повеќе, вели британскиот амбасадор во земјава, Kристофер Ивон, во интервју за радио „Слободна Европа“.

 

На прашањето дали засилена дипломатска активност и лобирање може да ~ помогне на Македонија да добие датум за преговори, Ивон вели:

„Што се однесува до тоа дали ни треба засилена дипломатска активност, можам да кажам дека гледам многу дипломатски активности, но не го гледам тоа во целина. Така што тешко ми е да кажам дали ни треба засилена или продлабочена дипломатска активност, тоа треба да го кажат луѓето во Македонија, но тоа што ќе го кажам е дека годинава е потребна различна дипломатска активност, бидејќи како што видовме од дијалогот на високо ниво и заклучоците од последната рунда, тие ги идентификуваа добрососедските односи и тие станаа дел од преговарачката рамка во дијалогот на високо ниво, па тоа ја нагласува потребата од подобрување на односите со соседите колку што може повеќе, зацврстување на многу конструктивен и позитивен начин, што ~ дава друга карактеристика на дипломатската активност во иднина“. Британскиот амбасадор вели дека треба да се чуствуваме охрабрени од тоа што е напишано во извештајот од Брисел, бидејќи одразува значителен напредок во многу области од евроинтеграциите.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top