СДСМ ВО ПРВ КРУГ ДОБИ 38 ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ МАНДАТИ, ВМРО-ДПМНЕ – ТРИ, ДУИ – ДВА Reviewed by Momizat on . Државната изборна комисија на својата веб-страница ги објави конечните резултатите од локалните избори што се одржаа во неделата, на 15 октомври, и мандатите на Државната изборна комисија на својата веб-страница ги објави конечните резултатите од локалните избори што се одржаа во неделата, на 15 октомври, и мандатите на Rating: 0

СДСМ ВО ПРВ КРУГ ДОБИ 38 ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ МАНДАТИ, ВМРО-ДПМНЕ – ТРИ, ДУИ – ДВА

СДСМ ВО ПРВ КРУГ ДОБИ 38 ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ МАНДАТИ, ВМРО-ДПМНЕ – ТРИ, ДУИ – ДВА

Државната изборна комисија на својата веб-страница ги објави конечните резултатите од локалните избори што се одржаа во неделата, на 15 октомври, и мандатите на градоначалниците што ги освоиле градоначалничките места во првиот круг, од вкупно 80 општини во Македонија и Градот Скопје.

 

Според резултатите, кандидатите за градоначалници на коалицијата предводена од СДСМ во првиот круг победиле во 37 општини, а таа партија го доби и градоначалникото место во Град Скопје. ВМРО-ДПМНЕ, пак, освоила три градоначалнички места, ДУИ има двајца градоначалници во првиот круг, еден градоначалник е од редовите на Демократската партија на Турците, а двајца се независни кандидати.

Во првиот круг градоначалници од СДСМ добија Аеродром, каде победи Златко Марин со 22.559 гласови, Арачиново – Миликије Халими со 3.067 гласови, Берово – Звонко Пекевски со 5.006 гласови, Битола – Наташа Петровска со 31.337 гласа, Богданци – Блаже Шапов со 2.800 гласа, Босилово – Зоран Зимбаков со 4.075 гласови, Валандово – Перо Костадинов со 4.074 гласови, Василево – Марјан Јанев со 3.604 гласа, Вевчани – Сашо Јанкоски со 870 гласови, Велес – Аце Коцевски со 15.962 гласа, Гевгелија – Сашо Поцков со 8.345 гласови, Ѓорче Петров – Александар Наумовски со 13.155 гласови, Дебарца – Зоран Ногачески со 1.785 гласови, Делчево – Горан Трајковски со 5.100 гласови, Демир Хисар – Марјанче Стојановски со 3.185 гласови, Дојран – Анго Ангов со 1.258 гласови, Зелениково – Борче Гиевски со 1.532 гласа, Карпош – Стефан Богоев со 21.278 гласови, Конче – Благој Илиев со 1.182 гласови, Кочани – Николчо Илијев со 11.622 гласа, Кратово – Љупчо Бојаџиев со 3.384 гласа, Крива Паланка – Борјанчо Мицевски со 7.467 гласови, Кривогаштани – Рубинчо Шефтероски со 2.002 гласа, Крушево – Томе Христоски со 3.638 гласа, Куманово – Максим Димитриевски – со 26.289 гласа, Лозово – Ацо Велковски со 910 гласа, Маврово и Ростуша – Медат Куртовски со 2.013 гласа, Неготино – Тони Делков со 6.455 гласови, Ново Село – Боро Стојчев со 3.005 гласови, Охрид – Јован Стојаноски со 18.262 гласа, Пехчево – Драган Тренчовски со 1.680 гласови, Прилеп – Илија Јованоски со 3.607 гласови, Радовиш – Герасим Конзулов со 7.443 гласа, Ресен – Живко Гошаревски со 5.537 гласови, Свети Николе – Сашо Велковски со 5.415 гласови, Струмица – Коста Јаневски со 18.502 гласа и Центар – Саша Богдановиќ со 17.916 гласови.

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг освои три општини, и тоа Илинден, каде победи Жика Стојановски со 5.235 гласови, Петровец, каде градоначалник ќе биде Борче Митевски со 3.197 гласови, и Сопиште каде победи Стефче Трпковски со 1.753 гласа.

ДУИ освои две општини – Кичево, каде победник беше Фатмир Дехари, кој освои 17.116 гласови и Пласница, каде градоначалник стана Исмаил Јахоски со освоени 1.449 гласа.

Демократската партија на Турците во Македонија победи во Центар Жупа, каде со 1.688 гласови градоначалник стана Аријан Ибраим.

Во првиот круг независни кандидати победија во две општини – Ранковце, каде градоначалник стана Ивица Тошевски со 1.472 гласа, и Чучер Сандево каде победи Јован Пејковски кој доби 2.486 гласа.

 

 

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top