МПЦ-ОА одбележа 50 години автокефалност Reviewed by Momizat on . Во Охрид, духовниот центар во кој пред 50 години беше прогласена автокефалноста на МПЦ, синоќа во катедралната црква Св Софија свечено беше одбележан големиот ј Во Охрид, духовниот центар во кој пред 50 години беше прогласена автокефалноста на МПЦ, синоќа во катедралната црква Св Софија свечено беше одбележан големиот ј Rating: 0

МПЦ-ОА одбележа 50 години автокефалност

МПЦ-ОА одбележа 50 години автокефалност

Во Охрид, духовниот центар во кој пред 50 години беше прогласена автокефалноста на МПЦ, синоќа во катедралната црква Св Софија свечено беше одбележан големиот јубилеј во присуство на гости и верници.

Владиката Дебарско – кичевски Тимотеј изјави дека кај црковните великодостојници на Српската православна црква не постои желба за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Тој рече дека во моментов не се водат официјални разговори и нема поместување во односите помеѓу МПЦ – ОА и СПЦ.

“Остваруваме релации со Руската, Бугарската, Албанската, Романската Православвна црква. Се разбира на индивидуални, лични основи, се сретнуваме со српски архиереи, за жал од кај нив засега нема сериозни показатели дека имаат желба за започнување на разговори или уште помалку намера да го решаваат црковното прашање, иако се свесни дека тоа е неминовност” рече владиката Тимотеј.

Архиепископот г.г Стефан им оддаде почит на сите кои придонеле за возобновувањето на автокефалноста на МПЦ пред 50 години, истакнувајќи дека овие пет децении треба да бидат патоказ како да се надминат слабостите и како црквата да се справи со идните предизвици.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top