22 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров Reviewed by Momizat on . Истрагата која е сѐ уште отворена, досега не резултира со откривање на нарачателите и извршителите на атентатот. Денеска се навршуваат 22 години од атентатот вр Истрагата која е сѐ уште отворена, досега не резултира со откривање на нарачателите и извршителите на атентатот. Денеска се навршуваат 22 години од атентатот вр Rating: 0

22 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров

22 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров

Истрагата која е сѐ уште отворена, досега не резултира со откривање на нарачателите и извршителите на атентатот.

Денеска се навршуваат 22 години од атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров извршен со автомобил бомба „Ситроен ами 8“ на улица „Македонија“ пред хотелот „Бристол“.

Беше активирана во моментот кога возилото на Глигоров се движеше од претседателскиот кабинет до Собранието. Истрагата која е сѐ уште отворена, досега не резултира со откривање на нарачателите и извршителите на атентатот.

Поранешниот претседател го преживеа атентатот со тешки повреди, додека на самото место загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден и телохранителот Илчо Теовски. Подоцна, на повредите им подлегна и Ристо Хаџиманов, кој бил случаен минувач.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top