Претседателот Иванов на форумот Кран Монтана во Барселона Reviewed by Momizat on . Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова престојува во работна посета на Кралството Шпанија, каде ќе учествува Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова престојува во работна посета на Кралството Шпанија, каде ќе учествува Rating: 0

Претседателот Иванов на форумот Кран Монтана во Барселона

Претседателот Иванов на форумот Кран Монтана во Барселона

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова престојува во работна посета на Кралството Шпанија, каде ќе учествува на 28-та годишна сесија на форумот Кран Монтана, што се одржува во Барселона.

На сопругата на македонскиот претседател Маја Иванова денеска ќе и`биде доделена наградата Златен медал на форумот Кран Монтана за нејзините активности, проекти и иницијативи од хуманитарен карактер.

Како што информираат од кабинетот на Претседателот, темите на дискусија на годинашниот форум се фокусирани на производството на енергија, климатските промени, мигрантската криза, зајакнувањето на улогата на жената во општеството и можностите за соработка на Медитеранот, Африка и Блискиот iсток.

Иванов, првиот ден од форумот се обрати на официјалната сесија на отворањето на форумот на тема „Каков свет за иднината? Стратегии за стабилност во непредвидлива средина – кон нов начин на управување“.

Форумот „Кран Монтана“ е основан во 1986 година со цел да обезбеди широка меѓународна соработка и поврзување на економските чинители на светско ниво, како и да придонесе кон глобалниот економски раст, обезбедувајќи стабилност, еднаквост и безбедност.

Активностите и настаните во рамки на форумот се насочени кон создавање платформи коишто ќе им овозможат на политичките и бизнис лидери да ги имплементираат своите стратегии, да ги зајакнуваат партнерствата и да развиваат нови можности за соработка. Форумот соработува со меѓународни институционални партнери, како агенциите на Обединетите нации, Европската унија и Советот на Европа.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top