Средба на премиерот Заев со турскиот министер Чавушоглу: Реформската Влада на Македонија ги отвора евро-атлантските и економските перспективи Reviewed by Momizat on . Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров и пратеникот Мухамед Зекири, поплад Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров и пратеникот Мухамед Зекири, поплад Rating: 0

Средба на премиерот Заев со турскиот министер Чавушоглу: Реформската Влада на Македонија ги отвора евро-атлантските и економските перспективи

Средба на премиерот Заев со турскиот министер Чавушоглу: Реформската Влада на Македонија ги отвора евро-атлантските и економските перспективи

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров и пратеникот Мухамед Зекири, попладнево се сретна со Мевљут Чавушоглу, министер за надворешни работи на Република Турција, придружуван од пратениците Хусејин Бурге и Шабан Дишли, како и од амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара.

На средбата е изразена заедничка определеност за продлабочување на традиционалните пријателски односи помеѓу Република Македонија и Република Турција.

Турскиот министер Чавушоглу во име на премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, му честиташе на премиерот Заев за стапувањето на должност претседател на Владата на Република Македонија и најави целосна поддршка на работата на Владата. Исто така, министер Чавушоглу изрази уверување дека новата реформска Влада го отвора патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и пренесе поддршка на Македонија од Турција за членството во НАТО, но и за евроаспирациите на земјава.

„Владата на Македонија е силно посветена на реформите важни за евро-атланстките интеграции на државата, но тие истовремено ќе придонесат и за развој на економијата и правната држава, како и за квалитетен живот на сите граѓани“, рече премиерот Заев.

Тој посочи дека Владата работи на создавање поволна деловна клима, за да овозможи функционирање на домашните претпријатија, но и странски инвестиции, со што Владата планира да создаде услови за нови работни места, повисоки плати и достоинствен животен стандард за граѓаните.

Во таа насока, министер Чавушоглу соопшти дека постои интерес кај турски инвеститори за вложувања во Македонија, посебно по реформите што ги презема Владата за политичка и економска стабилизација.

На средбата на премиерот Заев со турскиот министер Чавушоглу изразен е заеднички интерес за соработка како на полето на економијата, инвестициите, трговијата, така и во образованието, културата, спортот и во сите други области значајни за граѓаните на двете земји.

На состанокот се поздравени инклузивните политики на Владата за градење на Република Македонија како едно општество за сите граѓани, независно од етничката и политичката припадност, со што Македонија станува пример за соживот во регионални рамки и пошироко во Европа и светот.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top