Заев се сретна со Могерини Reviewed by Momizat on . Премиерот Зоран Заев се сретна со претставничката за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, со што почнаа интензивните дипломатск Премиерот Зоран Заев се сретна со претставничката за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, со што почнаа интензивните дипломатск Rating: 0

Заев се сретна со Могерини

Заев се сретна со Могерини

Премиерот Зоран Заев се сретна со претставничката за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, со што почнаа интензивните дипломатски средби со врвот на ЕУ и НАТО.

Заев и владиниот тим за стратешките надворешно-политички приоритети – членството во НАТО и ЕУ, вицепремиерите Шекеринска и Османи и министерот за надворешни, Димитров, носат план за реформи во идниот период, кои би донеле отворање на преговорите за поглавјата 23 и 24.

На средбите се очекува од европска страна да биде испорачан долг список на обврски за итно завршување на итните реформски приоритети.

По средбите со високите дипломати на ЕУ, Заев и владината делегација попладнето ќе имаат средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top