„Аида“ со солисти од Турција за крај на Мајските оперски вечери Reviewed by Momizat on . Традиционално на 31 мај со Вердиевата „Аида“ вечерва во Македонската опера и балет ќе бидат затворени 45. Мајски оперски вечери. Оваа година во „Аида“ ќе настап Традиционално на 31 мај со Вердиевата „Аида“ вечерва во Македонската опера и балет ќе бидат затворени 45. Мајски оперски вечери. Оваа година во „Аида“ ќе настап Rating: 0

„Аида“ со солисти од Турција за крај на Мајските оперски вечери

„Аида“ со солисти од Турција за  крај на Мајските оперски вечери

Традиционално на 31 мај со Вердиевата „Аида“ вечерва во Македонската опера и балет ќе бидат затворени 45. Мајски оперски вечери. Оваа година во „Аида“ ќе настапат солисти од Турската државна опера од Истанбул. Режисер е Дејан Прошев, а диригент Вања Николовски-Ѓумар.

Насловната улога ќе ја игра Дениз Јетим, а во екипата се и Ајше Озкан (Амнерис), Ефе Кислали (Радамес), Тунџај Куртоглу (Рамфис), Џенгиз Сајин (Амонасро), Драгољуб Бајиќ од Србија (Фараон), Надежда Рубен (Главна свештеничка), Марјан Николовски (Гласник).

Ќе настапат оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонска опера и балет. Сценографијата е на Зоран Костовски, костимографка е Елена Дончева, кореографка – Снежана Филиповска.

Македонската опера и балет соопшти дека за време на паузата на претставата „Аида“ ќе приреди коктел за сите присутни.

– „Аида“ е студија на историјата, географијата и религијата на Египет, опера која и денес зазема значајно место во уметничкиот репертоар и е изведувана секоја година во целиот свет – наведува МОБ.

Премиерно била изведена во Операта на Каиро во 1871 година.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top