ССК учествуваше на форумот „Еден појас, еден пат“ во Пекинг Reviewed by Momizat on . Пекинг, 15 мај, 2017 - 12:27 Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) промовираше договор во рамки на членството во Интернационална трговска комора на Па Пекинг, 15 мај, 2017 - 12:27 Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) промовираше договор во рамки на членството во Интернационална трговска комора на Па Rating: 0

ССК учествуваше на форумот „Еден појас, еден пат“ во Пекинг

ССК учествуваше на форумот „Еден појас, еден пат“ во Пекинг
Пекинг, 15 мај, 2017 – 12:27

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) промовираше договор во рамки на членството во Интернационална трговска комора на Патот на свилата (Silk Road Chamber of International Commerce – SRCIC), која има цел и работи на промовирање на кинескиот проект за инфраструктурно и за економско поврзување на Азија, Европа, Африка и на Блискиот Исток.

„Со ова и официјално се отвараат нови можности за македонските компании преку Сојузот на стопански комори за учество во транснационалното поврзување, како и унапредување на трговската и на инвестициската соработка. ССК и SRCIC ќе работат на просперитет на своите членови, нудејќи им можности за трговија и за инвестиции“, информираат од Комората.

Кинеската иницијатива има цел да ги поврзе нациите преку инфраструктура.

Кинескиот претседател вети 124 милијарди долари за иницијативата што треба да ја поврзе Кина со Африка, Азија и со Европа преку мрежа од пристаништа, пруги, патишта и од индустриски зони.

На форумот „Еден појас, еден пат“ учествува и рускиот претседател, Владимир Путин, како и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и претставници од повеќе од 100 држави.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top