Oтворен Павилјонот на Македонија на 57. Биенале во Венеција Reviewed by Momizat on . о престижниот изложбен простор Арсенале во Венеција вчера свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 57-то издание на најголемата и најпрестижна и о престижниот изложбен простор Арсенале во Венеција вчера свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 57-то издание на најголемата и најпрестижна и Rating: 0

Oтворен Павилјонот на Македонија на 57. Биенале во Венеција

Oтворен Павилјонот на Македонија на 57. Биенале во Венеција

о престижниот изложбен простор Арсенале во Венеција вчера свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 57-то издание на најголемата и најпрестижна интернационална ревија на уметноста во светот – Венециското биенале, соопшти Министерството за култура.

На свечената промоција на годинашниот национален претставник, проектот „Red carnival“ (Црвен карневал) на реномираниот уметник Томе Аџиевски, меѓу многубројните гости, присуствуваа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и конзулот на Република Македонија во Венеција Ашим Зекировски. Свеченото отворање беше проследено од страна на голем број на посетители, меѓу кои и претставници на земјите учеснички од регионот.

АЏИЕВ ВЕНЕЦИСКО БИЕНАЛЕ 2017

Република Македонија се претставува на Венециското биенале по 12-ти пат и презентира иновативен и комплексен мултимедијален проект. „Црвениот карневал“ е провокативна мултимедијална инсталација, слоевит авторски проект, една многу оригинална и автентична поставка која на ироничен и симболичен начин го поставува прашањето за западната, таканаречена беневолентна глобална хегемонија и нејзината деконструкција. Авторот Томе Аџиевски нуди авангардно решение, без никаква стравопочит кон трендовските манири, не ретко застапени во современите уметности.

Проектот е концепциско-содржински и ликовно-технички високо изграден и комплексен во сопствената уметничка артикулација и произлегува од неговото неколкудецениско континуирано творештво. Куратор на проектот е Бранислав Саркањац, а комесар  Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, наведуваат од Министерството за култура.

Венециското биенале е една од најстарите и најпрестижни европски манифестации и за јавноста ќе биде отворено од 13 мај до 26 ноември. На Биеналето својата уметност ја претставуваат 57 земји од целиот свет преку националните павилјони, а излагаат стотици автори.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top