Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието, прв гостин Жбогар Reviewed by Momizat on . Пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, во средата  рано  утрото дојде во Собранието и влезе во кабинетот претседателот на законодавниот дом, потврдиле за МИА собранис Пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, во средата  рано  утрото дојде во Собранието и влезе во кабинетот претседателот на законодавниот дом, потврдиле за МИА собранис Rating: 0

Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието, прв гостин Жбогар

Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието, прв гостин Жбогар

Пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, во средата  рано  утрото дојде во Собранието и влезе во кабинетот претседателот на законодавниот дом, потврдиле за МИА собраниските служби.

Џафери минатиот четврток по завршувањето на продолжението на конститутивната седница по предлог на СДСМ и со поддршка на пратениците на албанските партии беше прогласен за нов собраниски спикер.

Веднаш потоа, како прв гостин на Џафери во неговиот Кабинет дојде амбасадорот на Европската унија, Самуел Жбогар.

Тоа доведе до изблик на револт кај граѓаните кои два месеца пред Собранието протестираат против Тиранската платформа, како услов албанските пратеници да му дадат поддршка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да го добие мандат за состав на влада. Притоа во парламентот се одиграа немили сцени, во кои беа повредени неколкумина пратеници и оштетен инвентар во парламентот.

 

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top