Претставата „Животот е прекрасен“ ја воодушеви унгарската публика Reviewed by Momizat on . зведбата на претставата на „Животот е прекрасен“ на Македонскиот народен театар синоќа на четвртото издание на меѓународниот театарски фестивал „Митем“ во Будим зведбата на претставата на „Животот е прекрасен“ на Македонскиот народен театар синоќа на четвртото издание на меѓународниот театарски фестивал „Митем“ во Будим Rating: 0

Претставата „Животот е прекрасен“ ја воодушеви унгарската публика

Претставата „Животот е прекрасен“ ја воодушеви унгарската публика

зведбата на претставата на „Животот е прекрасен“ на Македонскиот народен театар синоќа на четвртото издание на меѓународниот театарски фестивал „Митем“ во Будимпешта, предизвика бурен аплауз и овации кај унгарската публика.

Од МНТ информираат дека после средбата со публиката и критиката на тркалезната маса, претставата која е во режија на Александар Морфов, била оценета како висок естетски чин, а актерскиот ансамбл на МНТ бил истакнат за врвна актерската игра, во која секој актер својата улога ја креирал со измерени гестови до перфекција.

МНТ со оваа исклучителна претстава во режија на Александар Морфов, како што се посочува, беше во селективната програма во конкуренција на извонредни продукции од 11 земји, со најистакнатите уметници на театарот во Европа, врвни театарски куќи и претстави потпишани од светски познати режисерски имиња.

Во претставата играат Никола Ристановски, Николина Кујача, Биљана Драгичевиќ – Пројковска, Сашко Коцев, Тања Кочовска, Емил Рубен, Гораст Цветковски, Славиша Кајевски, Никола Ацески, Александар Ѓорѓиоски, Арна Шијак, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Стефанов, Александар Михајловски, Кире Ѓоревски, Марија Новак, Драгана Левенска, Никола Кимовски, Марија Димитрова, Анастазиа Христовска…

МНТ годинава ќе биде дел од официјалната програма на МЕСС, а пота следуваат гостувања во Грац, Виена, Загреб, Белград, Подгорица, Хамбург, Берлин, Торонто.

По враќањето на екипата од Будимпешта во Скопје, следните изведби на претставата „Животот е прекрасен“ се на 23 и 24 април со почеток во 20 часот. Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата во МНТ по цена од 300 денари, а на гледачите им овозможуваме билетите да ги купат преку online мрежата Купи карти за се.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top