Иванов: Нема мандат додека не се отстранат правните и политичките пречки Reviewed by Momizat on . Претседателот Ѓорге Иванов денеска изјави дека мандатот за формирање Влада нема да биде врачен се додека правните и политички пречки не бидат отстранети. – Се д Претседателот Ѓорге Иванов денеска изјави дека мандатот за формирање Влада нема да биде врачен се додека правните и политички пречки не бидат отстранети. – Се д Rating: 0

Иванов: Нема мандат додека не се отстранат правните и политичките пречки

Иванов: Нема мандат додека не се отстранат правните и политичките пречки

Претседателот Ѓорге Иванов денеска изјави дека мандатот за формирање Влада нема да биде врачен се додека правните и политички пречки не бидат отстранети.

– Се додека тие пречки не бидат отстранети јас не можам да донесам одлука која што ќе биде оспорена. Ако биде оспорена една таква одлука, тогаш ќе биде отворено прашањето за моја одговорност. Затоа барам и инсистирам правната и политичката пречка да бидат отстранети, рече Иванов по денешната средба со претседавачот на Претседателството на БиХ Младен Иваниќ.

Одговарајќи на новинарско прашање дали чувствува одговорност во врска со последиците од кризата, Иванов рече дека тој го почитува Уставот и праксата од 1992 година и дека не чувствува одговорност за кризата. Институционалната криза, додаде Иванов, ќе ја немавме доколку ја немаше платформата која од политичка криза не воведе во институционална криза.

– Јас го почитувам Уставот и праксата создадена во 1992 година. Тоа им го кажав и на сите претставници на партиите кога беа на консултации. Треба да се почитува тоа што е во Уставот и роковите предвидени во Уставот и преседанот направен во 1992 година. Надвор од тоа, која било донесена одлука доведува до прашање за моја одговорност. Јас сум под заклетва и ќе го почитувам она што е уставен поредок на Република Македонија, потенцираше претседателот Иванов.

Македонскиот претседател посочи дека токму поради платформата која што се појави после парламентарните избори Македонија не може да се избере претседател на Парламентот, ниту пак да почне процесот за создавање на влада.

– Едно е политичката криза која што ја решивме со изборите на 11 декември, а со платформата добивме институционална криза. Јас тука не чувствувам одговорност бидејќи го почитувам Уставот и тоа што се бара од мене, а ги имам предвид и одлуките на Уставниот суд и затоа не смеам да донесам одлука која што ќе биде оспорена од кого било, потенцираше Иванов.

На средбата македонскиот претседател го информирал Иваниќ за актуелната политичка состојба во Македонија и притоа потенцирал дека постизборната платформа, која е пречка за давање мандат за формирање влада, ја доведува земјата во позиција на потчинетост и на зависност од друга држава. – Со тоа се загрозува сувенеритетот, самостојноста и унитарноста на државата, рече Иванов додавајќи дека двајцата државници се согласиле дека ваквото мешање во внатрешните работи на Македонија е поттик за реализација на големонационалистички идеи. Потребна е, посочи, промена на реториката во регионот.

Претседавачот на босанското Претседателство истакна дека е уверен дека македонскиот претседател Иванов ќе ги донесе најдобрите одлуки за стабилноста и просперитетот на Република Македонија. Одговарајќи на новинарско прашање рече дека не е запознат во детали со тиранската платформа, но оти се што доаѓа од надвор не може да биде добро за земјата.

– Не сум во детали запознат со тиранската платформа, но многу добро знам како човек што доаѓа од Босна и Херцеговина дека сето она што доаѓа од надвор како што го имавме во Босна што доаѓаше од Белград и од Загреб не може да биде добро за земјата, изјави Иваниќ.

На средбата со претседавачот на Претседателството на БиХ, кој е во дводневна посета на Република Македонија било разговарано за односите меѓу двете земји и притоа, како што истакна Иванов, Македонија континуирано дава поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ, како и на евроинтеграцискиот процес на оваа земја.

– Сакам да изразам задоволство од нашите односи и на соработката кои ги карактеризираат традиционално силно пријателство и идентични ставови за развојот на меѓународната и регионалната соработка со заеднички стратегиски цели, истакна Иванов.

Претседавачот Иваниќ оцени дека односите меѓу двете земји се можеби најдобри во регионот и оти ниту во минатото, ниту сега нема отворени прашања.

Македонскиот претседател и Иваниќ зборувале за актуелните состојби во регионот, евроинтеграцискиот процес, за економската соработка во контекст на која утре ќе биде организиран бизнис форум во Скопје. БиХ е еден од најголемите економски партнери на Македонија а трговската размена изнесува приближно 155 милиони долари годишно.  Исто така станало збор и за отворање авиолинија Скопје – Сараево, како и за спогодба за патување на државјаните од двете земји со лични карти.

Иванов истакна дека состојбата во целиот регион би била поинаква доколку ЕУ се согласи да бидат отворени поглавјата 23 и 24 во облатите на правосудството, правдата, слободата и безбедноста.

– Евроинтеграциите на државите од нашиот регион се на некој начин од суштинско значење за стабилноста, развојот и просперитетот на целиот регион. Од приоритетно значење е отворање на поглавјата 23 и 24 за сите земјите од регионот кои не се членки на ЕУ бидејќи од тие области произлегуваат сите предизвици со кои се соочуваат нашите земји, рече претседателот.

Иваниќ, пак, изјави дека очекува поголема вистинска поддршка од ЕУ не само финансиска, туку и институционална.

Коментирајќи го односот на Брисел кон земјите од регионот, Иванов рече дека Македонија е школски пример како ЕУ не треба да се однесува со некоја земја потенцирајќи дека довербата кај граѓаните во ЕУ опаѓа кога тие гледаат отсуство на европеизација.

– Ние се уште немаме датум за отпочнување на преговори и затоа ја отвораме иницијативата да бидат креативни во ЕУ и да бидат отворени поглавјата 23 и 24, додаде Иванов.

Во однос на БиХ, според претседавачот Иваниќ било забележано многу формалност и оти таа не била многу доследна, но дека неговото чувство е оти во изминатата година и пол односот станал појасен и поискрен и оти за тоа од помош била мигрантската криза.

Тој го информирал Иванов за состојбата во БиХ. Позитивно, според Иваниќ е тоа што земјата сериозно се доближила до ЕУ и оти до крајот на 2017 и почетокот на следната година се очекува БиХ да добие статус на кандидат за членств, страните се усогласиле околу одбраната и армијата. Разлики имаме, рече тој, за прашања од минатото.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top