Нови правила за добивање австралиско државјанство Reviewed by Momizat on . Австралија ги заострува критериумите за добивање државјанство. Подобро познавање на англискиот јазик, подолг престој во земјата и доказ за интеграција, како што Австралија ги заострува критериумите за добивање државјанство. Подобро познавање на англискиот јазик, подолг престој во земјата и доказ за интеграција, како што Rating: 0

Нови правила за добивање австралиско државјанство

Нови правила за добивање австралиско државјанство

Австралија ги заострува критериумите за добивање државјанство. Подобро познавање на англискиот јазик, подолг престој во земјата и доказ за интеграција, како што е работен ангажман, се дел од заострените мерки кои оваа земја има намера да ги воведе, соопшти австралискиот премиер Малколм Тербнул.

Тој нагласи дека на тестирањето ќе се инсистира на вистинки австралиски вредности, наместо досегашниот со поширок избор.

-Ова ќе биде добро за кандидатите, за нацијата, со нагласување на австралиските вредности како критериум за австралиско државјанство, рече Тернбул пред новинарите, додавајќи дека таквите промени не се поради администрацијата, туку заради посветеноста на австралиските вредности.

Идните Австралијанци сега ќе мора да покажат дека го познаваат англискиот јазик, да престојуваат во земјата најмалку 4 години, за разлика од досегашните прописи кои налагаат дека една година престој е доволно за поднесување барање за државјанство.

Министерот за емиграција Питер Датон рече дека ќе има дополнителни полициски проверки за идните државјани, а сторителите на семејно насилство веднаш ќе бидат дисквалификувани.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top