ВЛАХOВ-МИЦОВ МУ ПИША НА ИВАНОВ: Имате обврска да не им давате мандат на партии што се спремаат за уништување на државата Reviewed by Momizat on . Според него, моментално претседателската институција во Република Македонија е последната препрека пред уништувањето на македонската држава Професорот Стефан Вл Според него, моментално претседателската институција во Република Македонија е последната препрека пред уништувањето на македонската држава Професорот Стефан Вл Rating:

ВЛАХOВ-МИЦОВ МУ ПИША НА ИВАНОВ: Имате обврска да не им давате мандат на партии што се спремаат за уништување на државата

ВЛАХOВ-МИЦОВ МУ ПИША НА ИВАНОВ: Имате обврска да не им давате мандат на партии што се спремаат за уништување на државата

Според него, моментално претседателската институција во Република Македонија е последната препрека пред уништувањето на македонската држава

Професорот Стефан Влахов-Мицов испрати писмо до претседателот Ѓорге Иванов во кое нагласува дека шефот на државата е должен да го штити Уставот и дека по ниедна цена не смее да им дава мандат на индивидуи и партии што се спремаат за уништување на македонската држава.

Според Мицов, моментално претседателската институција во Република Македонија е последната препрека пред уништувањето на македонската држава.

Прочитајте го целото писмо на Мицов до Иванов.

Како претседател на Република Македонија, Вие, согласно чл. 79 од македонскиот УСТАВ, не само што ја претставувате Републиката туку и имате обврска да ја браните преку одредбите на Уставот. Според Уставот, Република Македонија е унитарна држава, а со тоа се исклучуваат двојазичноста и кантонизацијата врз целата земја, значи се исклучуваат и одвоени институции, како и буџети по етнички или по каква било основа.

За одбрана на Република Македонија од надворешни и внатрешни непријатели, Уставот Ви дава два законски инструменти:

Прво – при давање мандат за создавање влада;

Второ – за објавување вонредна или воена состојба.

Според чл. 90, претседателот има обврска да ѝ го даде мандатот на партијата што има мнозинство во Собранието но, според чл. 84: „Претседателот на Република Македонија го определува мандатарот за состав на Владата на Република Македонија”. ТОА Е ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕКОЈ ШТО САКА ДА ГИ РУШИ УСТАВОТ И ДРЖАВАТА НЕ МОЖЕ ДА ГО ДОБИЕ МАНДАТОТ. Притоа, станува збор само за победничката партија по изборите. Уставот не предвидува мандат за второпласираната партија (или коалиција) ПРИ НИКАКВИ УСЛОВИ.

За жал, Вашите претходници на претседателската позиција ѝ нанесоа непоправливи штети на македонската држава. Киро Глигоров не само што го прекрши Уставот при давање мандат за Влада туку и дозволи ревидирање на Уставот со менување на македонското знаме и химна, како и со приклучувањето на Република Македонија во Обединетите нации со референца наместо со уставното име. Борис Трајковски во 2001 година потпиша капитулација на македонската држава и истата преку Рамковниот договор беше преточена во Уставот. Бранко Црвенковски организира и спроведе територијална поделба со која практично целата Западна Македонија административно потпадна под власта на албанскиот екстремизам.

Денес, во овој клучен момент од нашата судбина како народ и како држава, мора дефинитивно да одлучите дали ќе продолжите по предавничкиот пат на своите претходници или преку својата функција ќе бидете неосвоива тврдина за македонските непријатели. Моментот е уште подраматичен затоа што од една страна постои опасност од тензиите кои секојдневно растат на Балканот да се трансформират во војна. Не случајно македонските соседи со поддршка од функционери на САД и ЕУ се спремаат да нè делат како во 1913 година, така и ова мало останатото парче од етничка Македонија сакаат да го разнебитат. Од друга страна, на хоризонтот се ближи нова светска војна со незамисливи последици.

Во ова пресудно време, Ваша обврска како претседател и државник, а истовремено и како граѓанин и Македонец е ДА НЕ ИМ ДАВАТЕ ПО НИЕДНА ЦЕНА (ВКЛУЧИТЕЛНО ВЕТУВАЊА И ПРИТИСОЦИ) МАНДАТ ЗА ВЛАДА НА ИНДИВИДУИ И ПАРТИИ КОИ ОФИЦИЈАЛНО СЕ СПРЕМААТ ДА ЈА УНИШТАТ МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, КОЈ Е ГАРАНТ ЗА ПОСТОЕЊЕТО НА ДРЖАВАТА, НЕ СМЕЕ ДА ДАДЕ ЗАКОНСКА ПОДДРШКА ЗА НЕЈЗИНО УРИВАЊЕ.

Минатата година со еден храбар потег Вие спречивте граѓанска војна во Република Македонија. Независно од надворешните фактори што ја организираа. Денес, пред Вас е уште потешка задача – да спречите, со сите законски средства што ги имате на располагање со Уставот, ликвидирање на унитарниот карактер на државата, да ја спречите нејзина кантонизација, двојазичност, менување на исконското македонско име и уништување на македонската република.

Македонскиот народ опстојувал близу три милениуми независно од историските премрежиња. Независно од своите непријатели и од своите предавници. Така ќе биде и во иднина. ВАШ Е ИЗБОРОТ ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕТЕ ВО ИСТОРИЈАТА КАКО МАКЕДОНСКИ БРАНИТЕЛ ИЛИ КАКО МАКЕДОНСКИ ОТПАДНИК.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top