СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: АПЕЛ ДО ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ И НИВНИТЕ КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ ЗА ЕДИНСТВО ПО НАЦИОНАЛНИТЕ И ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ! Reviewed by Momizat on . 26 јануари 2017 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) независно од парламентарното мнозинство за формирање на Влада, апелира до ВМРО-Д 26 јануари 2017 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) независно од парламентарното мнозинство за формирање на Влада, апелира до ВМРО-Д Rating:

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: АПЕЛ ДО ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ И НИВНИТЕ КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ ЗА ЕДИНСТВО ПО НАЦИОНАЛНИТЕ И ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС:  АПЕЛ ДО ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ И НИВНИТЕ КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ ЗА ЕДИНСТВО ПО НАЦИОНАЛНИТЕ И ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

26 јануари 2017 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) независно од парламентарното мнозинство за формирање на Влада, апелира до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и нивните коалициони партнери, на договор за семакедонско помирување и обединување, наспроти т.н. албанска платформа која претставува ултиматум за редефинирање на уставниот поредок и на државноста!

 

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат историска одговорност пред нацијата, државата и истријата, да престанат со лицитација на македонските национални и државни интереси во безусловната борба за власт!

 

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба да отфрлат мешање во внатрешните работи на Република Македонија од странски амбасади и влади и меѓународна арбитража за решавање на внатрешно-политичките прашања!

 

СМК смета дека Македонскиот народ одамна е обединет во одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, затоа што и покрај сите разлики меѓусебе, Македонија, само Македонија и ништо друго освен Македонија е нашиот единствен заеднички именител и нашиот единствен заеднички содржател! Не смееме да ја изгубиме државата, затоа што после не ќе има потреба ни од партиите!

 

Албанците ја имаат Албанија, го добија и Косово, зарем треба да им ја предадеме и Македонија? Никој не ги негира Албанците во Македонија и нивната културна автономија, Албанците ја имаат сета почит од Македонскиот народ, албанското национално малцинство ги ужива највисоките човекови права и слободи како никаде на друго место во светот. Меѓутоа, неприфатливи се уцените кон нацијата и државата од 20 пратеници Албанци наспроти 100 пратеници Македонци во Собранието! Неприфатливи се уцените кон нацијата и државата од едно национално малцинство кое не брои повеќе од 15% во вкупното население!

 

Македонскиот народ со огорченост ги отфрла ултимативните барања на партиите на Албанците, на Тирана и Приштина, и заканите за сепарација и формирање паралелни институции на власта!

 

СМК бара од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, или престројте ја Македонија во држава како и сите држави во светот, или сите Македонци ќе останеме без неа!

 

СМК, сега, за понатаму и за секогаш, апелира до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и нивните коалициони партнери на семакедонски договор за националните и државните интереси:

 

(1) Безусловен крај на разговорите за разликата по државното име со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија!

 

(2) Организација на попис на населението и донесување на Уставна декларација  во Собранието со гаранции за правата и слободите на малцинските етнички заедници утврдени во Уставот, независно од пописните резултати!

 

(3) Склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Албанија, и Договор за положбата и правата на Македонците во Албанија и положбата и правата на Албанците во Македонија, врз основа на принципите на еднаква сувереност, немешање во внатрешните работи и реципроцитет!

 

(4) Почитување на унитарноста и непроменливост на етничката и верската карта на државата, како и отфрлање на барањата за територијална или функционална федерализација и кантонизација на Македонија!

 

(5) Почитување на Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународните односи, и употреба на јазиците и писмата на малцинските етнички заедници во согласност со членот 7 од Уставот на Македонија!

 

(6) Процесуирање на сите пријави во кои има основано сомневање за сторени кривична дела пред надлежното обвинителство и почитување на уставните гаранции за слободата и неповредливоста на сите облици на комуникација!

 

(7) Обезбедување на рамномерен економски развој на целата територија на Република Македонија и најбрз развој на недоволно развиените подрачја!

 

(8) Отфрлање на агресијата и насилството заради остварување на политички цели и заштита на имотите, животите и приватноста како неповредиви и неприкосновени!

 

(9) Грижа за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија!

 

(10) За евро-атлантските интеграции на Република Македонија ќе решаваат македонските државјани на референдум во согласност со Уставот, кога ќе бидат исполнети условите за тоа! Македонија мора да гради политики на активен мултилатерализам, од пријатели никогаш доста, Македонија нема вечни пријатели, Македонија нема вечни непријатели, Македонија има вечни интереси: името на државата, идентитетот на нацијата, богата и силна држава Македонија и богати, достојни и горди Македонци!

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top