Од утре во оптек новите апоени од 200 и 2.000 денари Reviewed by Momizat on . Одлуката за издавање книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари произлегува од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на Одлуката за издавање книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари произлегува од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на Rating:

Од утре во оптек новите апоени од 200 и 2.000 денари

Од утре во оптек новите апоени од 200 и 2.000 денари

Одлуката за издавање книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари произлегува од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек, соопшти Народна банка.

Од утре, 15-ти декември, ќе бидат пуштени во оптек книжни пари во нови апоени од 200 и 2.000 денари, а ќе бидат повлечени банкнотите од 5.000 денари. Одлуката за издавање книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари произлегува од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек, соопшти Народна банка.

Постоечката апоенска структура на книжните пари што се во оптек од 8-ми септември 1996-та година до денес нема претрпено промени и воведувањето на овие два нови апоена претставува прва промена којашто се спроведува по период од 20 години.

Комерцијалните банки ќе ги заменуваат книжните пари со апонска вредност од 5.000 денари до 28-ми февруари 2017-та година, а од 1-ви март нивната замена ќе се врши од страна на Народната банка.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top