Традиционалистите со седум злата од ЕП Reviewed by Momizat on . Македонската репрезентација во традиционално карате постигна извонреден резултат, освојувајќи 12 медали на Европското првенство (ЕП) во Крањска Гора, Словенија. Македонската репрезентација во традиционално карате постигна извонреден резултат, освојувајќи 12 медали на Европското првенство (ЕП) во Крањска Гора, Словенија. Rating:

Традиционалистите со седум злата од ЕП

Традиционалистите со  седум злата од ЕП

Македонската репрезентација во традиционално карате постигна извонреден резултат, освојувајќи 12 медали на Европското првенство (ЕП) во Крањска Гора, Словенија. Од нив, седум се златни, две сребрени и три бронзени.

Кај сениорите злато во ката и во борби освои Дејан Недев, неговата сестра Јадранка е европска првенка во фукуго, а освои и бронза во борби, додека Матеј Ангеловски освои сребро во кого кумите.

Кадетката Мила Саздова освои дури три златни медали и тоа во ката, во фукуго и во кого кумите. Младинката Ивона Лаушевиќ се закити со бронза во кого кумите, репрезентативките во јуниорска ката-конкуренција Мила Саздова, Берта Милевска и Антонија Белазелкоска станаа европски првенки, а Милевска освои и бронза во кого кумите за јуниорки.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top