25-та годишница на „Канадско – македонското историско друштво“ Reviewed by Momizat on . На 12-ти ноември 2016 година, во големата сала на првата Катедралната македонска православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто, а по повод 25. годишниот На 12-ти ноември 2016 година, во големата сала на првата Катедралната македонска православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто, а по повод 25. годишниот Rating:

25-та годишница на „Канадско – македонското историско друштво“

25-та годишница на „Канадско – македонското историско друштво“

На 12-ти ноември 2016 година, во големата сала на првата Катедралната македонска православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто, а по повод 25. годишниот јубилеј на „Канадско – македонското историско друштво“, се одржа гала вечера.

На прославата присуствуваа околу 400 македонски иселеници од сите делови на Македонија и гости од други канадски асоцијации, кои срдечно ги поздрави предсетателот на Друштвото -Тодор (Тони) Марковски, а присутните со убава македонска музика ги забавуваше оркестарот “Децата од Bуф“.

Инаку, „Канадско-македонското историско друш­т­во“ е асоцијација во која членуваат Канаѓани од македонско потекло од сите делови на Македонија кои се занимаваат со македонската историја, култура, јазик, литература и воопшто со македонската вистина во минатото и сегашноста. Тоа е формирано во 1991 година од група ентузијасти чиј број постојано расте и привлекува други професионалци и ентузијасти да ги негуваат македонските придобивки

„Канадско – македонското историско друштво“.е многу значајна македонска иселеничка  организација која има за цел да ја развива свеста и гордоста меѓу членовите и пошироко во канадското општество со цел тие да дознаат од каде им се корените, какво било нивното минато, сегашност и иднина. Затоа, Друштвото собира и ја регистрира потребната документација и материјалите за македонскиот национален идентитет, традициите, културата, религијата, јазикот и други области.

Целта на „Канадско-македонското историско друш­т­во“ е да остави траен белег за македонското историско минато. Притоа да ги сними членовите на друштвото со цел тие да се претстават со материјали од своите области, како што се: пред с’е историјата на Македонците во Канада, нивната култура, традиции, јазик, религија во Македонија и во Канада, како и прашања и од други области.

Оваа значајна канадско-македонска асоцијација е непрофитна, доброволна, формирана согласно законските одредби на провинцијата Онтарио. Затоа Друштвото е поддржано од бројни волонтери и нивни спозори кои ги финансираат програмите на Друштвото. Исто така, Друштвото придонесува да се соберат на едно место и членовите на Канадско македонската асоцијација на ветераните, што е голема придобивка во развивањето на односите меѓу ветераните од Македонија и Канада.

Посебен акцент во работата на Друштвото е ставен на развојот и промовирањето на македонските историски и археолошки истражувања, како и воспоставување и одржување на библиотечен и музејски фонд, кои ќе значат проширување на знаењата на членовите и афирмација на македонската вистина во канадското општество.

Затоа, „Канадско-македонското историско друш­т­во“ е место каде се одржуваат броини предавања, трибини, промоции и други манифестации во врска со историската вистина за македонскиот народ и Македонија.

Друштвото е единствена  асоцијација од ваков вид во Канада и пошироко во македонската дијаспора кое игра значајна улога во севкупната научна и културолошка активност на голем број македонски интелектуалции од Канада, а  кое има и своја библиотека во Домот. Тоа работи во состав на Домот за стари лица „Канадско-македонски центар“, познат како „Старски дом“, каде старите лица нашле среќно катче.  Овој центар со стотина апартмани, трпезарија, и други потребни простории е пријатно место за живеење за голем број Македонци и Канаѓани. Тој е една од најстарите и најзначајните македонски институции.

Првиот иницијативен одбор на овој дом беше формиран во 1969 година и прерасна во Управно тело – Борд на директори кој броеше 15 чле­на и својата официјална дејност ја започна во 1971 година. Ова тело кое е акционерско, секоја година преку избори доживува промени.

Според пишаната документација за „Кандско-македонскиот дом“ може да се види дека  во 1973 година беше купено место со површина од над три хектари на кое денес е изграден Домот, што е од ин­терес и потреба за сите Македонци кои живеат во Торонто и околината. Потоа на 7 мај 1978 година и официјално беше ставен камен темелникот, а на 24 септември 1978 година свечено беше откриена резба во камен со натпис “Канадско-македонско место 1978”. Домот на свеченото отворање е именуван како  “Канадско-македонски пензионерски (старски) центар”.

Свеченото отворање на Домот беше извршено на 17 јуни 1979 година. Тогаш беше отворен комплекс од модерни згради со 110 апартмани, со си­те помошни простории, со една спална, кујна, гостилница, приемна соба, балкон,  ку­патило и други простории. На свеченото отворање настапија: групата “Ма­ке­донка” при црквата „Свети Климент Охридски“, охридскиот пеачки состав “Бил­јана”, португалското КУД “Назаре”, како и јапонски, филипински, ав­стрис­ки и ирски играорци.

Во „Канадско-македонскиот центар“, кој на 12 јуни 2014 година ја про­слави 35-годишнината од отворањето работи женската секција “Ќерките на Македонија”. Таа е формирана во 1977 година и во неа членуваат и учествуваат видни граѓанки на Канада од македонско потекло. Исто така, во состав на Центарот со успех работи Македонско-канадскиот пензионерски клуб, прв во Торонто, кој беше отворен на 15 јануари 1974 година, а официјално регистриран на 1 април 1977 година.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top