Дијаспора – Доколку електорнски не се пријават, ќе гласаат во Македонија Reviewed by Momizat on . Роковите течат, ДИК во офанзива. Комисијата интензивно работи во организација на изборите. Побарани се податоците од МВР, до денот на избори кои граѓани ќе стан Роковите течат, ДИК во офанзива. Комисијата интензивно работи во организација на изборите. Побарани се податоците од МВР, до денот на избори кои граѓани ќе стан Rating:

Дијаспора – Доколку електорнски не се пријават, ќе гласаат во Македонија

Дијаспора – Доколку електорнски не се пријават, ќе гласаат во Македонија

Роковите течат, ДИК во офанзива. Комисијата интензивно работи во организација на изборите. Побарани се податоците од МВР, до денот на избори кои граѓани ќе станат полнолетни и ќе имаат важечка лична карта

Роковите течат, ДИК во офанзива. Комисијата интензивно работи во организација на изборите. Побарани се податоците од МВР, до денот на избори кои граѓани ќе станат полнолетни и ќе имаат важечка лична карта, и кои во меѓувреме смениле адреса на живеење. Информатичко општество и администрација до ДИК треба да достави список на административци кои понатаму ќе им бидат во функција на ДИК како надополнување на изборните органи. Новитет овие предвремени избори ќе биде електронската апликација за дијаспората и за лицата се на привремена работа во странство. Од денеска до 11 ноември ќе имаат можност на веб страната на ДИК да се пријават и на денот на изборите да гласаат во земјата каде престојуваат. Доколку не го сторат тоа, можноста за гласање не ја губат, туку правото на глас единствено ќе може да го остварат во Македонија.

 Ова важи и за дијаспората каде се регистрирани 172 илјади галсачи…Доколку и тие не се пријават не може да гласаат во земјата каде живеат, зошто ние како ДИК испраќаме онолку број на ливчиња колку што ќе добиеме регистрирани гласачи на веб апликацијата до 11 ноември….вели Љупка Гугучевска ДИК.
Увидот на избирачкиот список завршува на 11 ноември на 22 ноември ќе им биде даден на увид на партиите а тие во рок од 5 дена , доколку имаат забелешки , мора да достават барање за запишување , дополнување или бришење на податоци, по што тој на 27 ноември ќе биде конечно заклучен. Гугчевска вели дека соработката со МВР е одлична и уште денеска очекуваат да ги добијат сите податоци за гласачите кои ќе се најдат на избирачкиот список. Новитет овие избори е и тоа што покрај личните податоци, во избирачкиот список ќе стои и фотографија од лицето кое ќе гласа.
Весна Ќуксановиќ Крстеска

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top