Концерти на гитаристот Дарко Багески во Стокхолм и Малме Reviewed by Momizat on . Багески утре ќе одржи солистички концерт и во Малме, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Концертот е организиран од Лилјана Стоилк Багески утре ќе одржи солистички концерт и во Малме, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Концертот е организиран од Лилјана Стоилк Rating:

Концерти на гитаристот Дарко Багески во Стокхолм и Малме

Концерти на гитаристот Дарко Багески во Стокхолм и Малме

Багески утре ќе одржи солистички концерт и во Малме, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Концертот е организиран од Лилјана Стоилковска-Андовска и Друштвото „Македонија“ од Малме, со цел да се презентираат македонските уметници во Шведска.

На програмата на двата концерта се дела од Џулијани,  Бариос, Мерц, Јовичиќ, Мирослав Тадиќ, Реис.

Дарко Багески (1981) е вонреден професор по гитара на Факултетот за музичка уметност во Скопје, одржува мастеркласи на меѓународни фестивали и натпревари и често е член во жиријата.

Музичкото образование го почнал во Скопје, матурирал во Средно музичко училиште во Загреб, а дипломирал на Високата школа за музика „Франц Лист“ во Вајмар, Германија. Магистрирал на Државниот конзерваториум за музика во Солун. Се едуцирал кај еминентни професори по класична гитара, како: Џевдет Сахатџија, Герхард Рајхенбах, Јурген Рост, Костас Коциолис…

Имал голем број солистички концерти во Македонија, Хрватска, Србија, Германија, Грција, САД, Шведска…, настапувајќи како солист со камерни оркестри и со Македонската филхармонија.

Претседател е и основач на Здружението на класични гитаристи, како и уметнички директор и еден од основачите на Меѓународниот фестивал за класична гитара ТРЕМОЛО.

 

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top