МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ И БУГАРИЈА Reviewed by Momizat on . Македонската одбојкарска репрезентација со максимални три победи го заврши првиот од двата турнира од годинашното издание на Европската лига. Вечерва во Варна, Македонската одбојкарска репрезентација со максимални три победи го заврши првиот од двата турнира од годинашното издание на Европската лига. Вечерва во Варна, Rating:

МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ И БУГАРИЈА

МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ И БУГАРИЈА

Македонската одбојкарска репрезентација со максимални три победи го заврши првиот од двата турнира од годинашното издание на Европската лига.

Вечерва во Варна, македонските одбојкари беа поуспешни од домаќинот Бугарија со 3-1.

Првиот сет донесе голема борба, а на крајот на разлика, Македонија триумфираше со 31:29. Бугарите изедначија по 25:15 во вториот сет, а третиот и четвртиот Македонците ги добија со 25:21.

Претходните два дена, Македонија ги совлада Албанија и Данска и се наоѓа на добар пат да обезбеди пласман на завршниот фајнл-фор турнирот кој одново ќе се игра во Варна.

Во меѓувреме, следниот викенд четирите селекции ќе играат турнир во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top