ЛИБАНСКИ КОМПАНИИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНИЈА Reviewed by Momizat on . - Либанските бизнисмени се заинтересирани за почнување трговија и извоз со македонски компании, изјави Самир Софан, претседател на Либанско-македонскиот совет н - Либанските бизнисмени се заинтересирани за почнување трговија и извоз со македонски компании, изјави Самир Софан, претседател на Либанско-македонскиот совет н Rating:

ЛИБАНСКИ КОМПАНИИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНИЈА

ЛИБАНСКИ КОМПАНИИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНИЈА

– Либанските бизнисмени се заинтересирани за почнување трговија и извоз со македонски компании, изјави Самир Софан, претседател на Либанско-македонскиот совет на бизнисмени во Либан, по вчерашната средба организирана во Стопанската комора на Македонија.

Либански компании за недвижности, туризам, алтернативни извори на енергија, производство и извоз на прехранбени производи и земјоделство и македонски компании од различни сектори на средбата ги разгледуваат можностите за соработка преку пласман на производи и инвестиции.

Според Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија, има потенцијали за соработка и покрај незначителната трговска размена меѓу двете држави во изминатиот период.

– Трговската размена меѓу Македонија и Либан до 2014 година беше незначителна и изнесуваше стотици илјади долари, а лани е склучена една позначајна зделка од пет милиони долари. Тие податоци не треба да бидат појдовна точка во разговори затоа што реално се работи за непостојна соработка која сега треба да почне речиси од нула, истакна Пешев.

Потенцира дека е важно што значаен дел македонски производи може да бидат пласирани на либанскиот пазар. Можеме да бидеме сериозна појдовна точка за бизнис заедницата од Лабан која во Македонија, како што рече, може да најде партнер за влез во регионот, а со потпишаните договори со ЕУ и на останатите други пазари во Европа.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top