СИДНЕЈ: 38 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ Reviewed by Momizat on . На 20 мај 2016 година, по повод 38 годишницата од формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев“, во просториите на Клубот во Рогдаел (Сиднеј) се одржа л На 20 мај 2016 година, по повод 38 годишницата од формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев“, во просториите на Клубот во Рогдаел (Сиднеј) се одржа л Rating:

СИДНЕЈ: 38 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

СИДНЕЈ: 38 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

На 20 мај 2016 година, по повод 38 годишницата од формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев“, во просториите на Клубот во Рогдаел (Сиднеј) се одржа литературна средба при што се промовираа книгите: „Античко – македонските историчари и нивните дела“ од Александар Донски и „Љубов и надеж“ од Ленче Целакоска Клекачкоска.

Книгата на Александар Донски ја промовираше професор м-р Славица Ристеска, којашто даде опсежен преглед на неговото дело.

Книгата поезија на Ленче Целакоска Клекачкоска ја промовираше професорот Бранко Наумовски и покрај авторот поезија читаа Марија Александрова и артистката Валентина Апостоловска.

Исто така, на средбата им се врачија наградите на писателите наградени со Прличевата награда за поезија и проза за 2015 година: на Наум Трајчевски од Квинбијан, Велика Блажевска и Марија Александрова од Сиднеј, Гроздан Јовановски од Њукастел и Емилија Жупаноска од Волонгонг.

Наградата за најдобра издадена книга за 2015 година му се додели на Ристо Галевски за книгата „Спомени од Македонија“.

На средбата исто така им беа доделени благодарници на Димче Џајкоски од „Macedon Travel“, Санде Квачковски од „Sloestica Rendering” и Кире Пашовски за парична донација за издавање на македонска литература, а Димитрија Кукуљовски беше прогласен за читател на годината во Библиотеката „Григор Прличев“.

Д. Ристевски

 

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top