ДВЕ ВИНА НА „ТИКВЕШ“ НАГРАДЕНИ ВО ФРАНЦИЈА Reviewed by Momizat on . Виното на „Тиквеш“, „александрија розе“ 2015, освои златен медал на годинешниот натпревар „Цитаделес ду вин“ што по 16. пат се одржа во Бордо, Франција. На исти Виното на „Тиквеш“, „александрија розе“ 2015, освои златен медал на годинешниот натпревар „Цитаделес ду вин“ што по 16. пат се одржа во Бордо, Франција. На исти Rating:

ДВЕ ВИНА НА „ТИКВЕШ“ НАГРАДЕНИ ВО ФРАНЦИЈА

ДВЕ ВИНА НА „ТИКВЕШ“ НАГРАДЕНИ ВО ФРАНЦИЈА

Виното на „Тиквеш“, „александрија розе“ 2015, освои златен медал на годинешниот натпревар „Цитаделес ду вин“ што по 16. пат се одржа во Бордо, Франција. На истиот натпревар, белото вино „совињон бланк спешл селекшн“ од последната берба доби сребрен медал.

На винскиот натпревар, 60 вински судии имаа можност да оценуваат над 1.200 различни вина од 29 земји од светот. Доделени се вкупно 143 златни и 147 сребрени медали, во најголем дел на вина произведени во познатите вински земји Франција, Шпанија, Италија и САД.

„Оваа година сме особено горди поради фактот што златниот медал го доби нашето ново вино розе ’александрија’, кое ќе се појави на пазарот овој месец“, вели Игор Илиевски, генерален директор на „Тиквеш“.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top