МКД „ИЛИНДЕН“ ОД РИЕКА ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ Reviewed by Momizat on . Во организација на МКД „Илинден“ од Риека, Хрватска, Советот на македонското национално малцинство за Град Риека, Советот на МНМ за Приморско-Горанската жупаниј Во организација на МКД „Илинден“ од Риека, Хрватска, Советот на македонското национално малцинство за Град Риека, Советот на МНМ за Приморско-Горанската жупаниј Rating:

МКД „ИЛИНДЕН“ ОД РИЕКА ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

МКД „ИЛИНДЕН“ ОД РИЕКА ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Во организација на МКД „Илинден“ од Риека, Хрватска, Советот на македонското национално малцинство за Град Риека, Советот на МНМ за Приморско-Горанската жупанија и МПЦО „Светите цар Константин и царица Елена“ во Риека, се одбележа Денот на Св.„Кирил и Методиј“ и тоа преку две манифестации.

Првин, во вторникот, на 24 мај 2016, во просториите на МКД „Илинден“ во Риека се одржа манифестацијата „Обележување на денот на Св. Кирил и Методиј, големите словенски и македонски просветители“.

Пред почетокот на манифестацијата, пејачката група, којашто делува во рамките на МКД „Илинден“ настапи со празнична песна за св. Кирил и Методиј. Поздравен говор упати Ивона Дуноски Митев, а пригоден реферат беше прочитан од Ана Азеска, лектор по македонски јазик при Универзитетот во Риека на тема „Св Кирил и Методиј – живот и дело“.

Втората манифестација опфати одржување на културна програма во Роч и Истра, којашто се одржа во сабота, на 28 мај 2016 година.

Манифестацијата започна пред парохиската црква на „Свети Бартол“ во Роч. Како дел од програмата настапија хорот на МКД „Илинден“ од Риека, учениците по македонски јазик при ОУ „Центар“ и Првата сушачка гиманзија во Риека, со учество на наставничката Наталија Лековски- класната наставничка во овие две училишта, и Ана Азеска- лектор по македонски јазик при Филозофскиот факултет во Риека.

Како дел од програмата беа посетени црквата „Св Антун“, Рочкиот глаголски абецедар, Алејата на глаголицата, како и куќата во којашто се наоѓа реплика печатарската машина на Гутенберг.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top