ДВЕ АВСТРИСКИ КОМПАНИИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА Reviewed by Momizat on . Две австриски компании се заинтересирани за конкретни инвестиции во Македонија. Едната е од областа на осигурувањето, а другата планира отворање Регионален цент Две австриски компании се заинтересирани за конкретни инвестиции во Македонија. Едната е од областа на осигурувањето, а другата планира отворање Регионален цент Rating:

ДВЕ АВСТРИСКИ КОМПАНИИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

ДВЕ АВСТРИСКИ КОМПАНИИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Две австриски компании се заинтересирани за конкретни инвестиции во Македонија. Едната е од областа на осигурувањето, а другата планира отворање Регионален центар за услуги.

Според Герхард Шлатл од трговското одделение на австриската амбасада во Скопје, с` уште е рано да се соопштат детали за инвестициите, но извесно е дека компаниите нема да вложат во слободните економски зони.

– И покрај актуелната политичка состојба во Македонија, австриските компании се заинтересирани за економска соработка и наоѓање деловни партнери тука. Доказ за тоа е претстојниот бизнис-форум што ќе се одржи идната недела во Скопје, на кој доаѓа досега најмногубројна австриска деловна делегација, составена од претставници на девет фирми – истакна Шлатл на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.

Според Kомората, австриско-македонската трговска соработка бележи благ пад со оглед на негативниот биланс од 17 милиони долари во првите три месеци од годинава. Австрија од 14-ти трговски партнер на Македонија лани, сега е на 16. место.

– Токму организирањето директни бизнис-средби меѓу македонските и австриските потенцијални деловни партнери е во насока на подобрување на соработката. Прехранбената индустрија, животната средина, инфраструктурата, земјоделството, текстилната, автомобилската индустрија и туризмот се само некои од секторите што имаат голем потенцијал за интензивирање на соработката – нагласи Јадранка Аризанковска од Стопанската комора.

Вкупната трговска размена меѓу Македонија и Австрија во првите три месеци од 2016 година е 39,86 милиони долари, што претставува раст од 10 отсто споредено со истиот период во 2015. Извозот е 11 милиони долари или 51 отсто повеќе, а увозното салдо изнесува 28 милиони долари, што е намалување за 0,6 проценти. Македонските компании во Австрија најмногу извезуваат текстил и производи од металната индустрија, а увезуваат месо и други прехранбени производи, како и производи од фармацевтската индустрија.

На претстојниот австриско-македонски бизнис-форум закажан за 7 јуни ќе учествуваат компании од различни области: преработка на дрво, производство на алати, машини и опрема за технички профили, производство на теренски возила, компании што се занимаваат со рехабилитација на болни лица и фирми што произведуваат специјализирана козметика.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top