ДОРТМУНД: МПЦО „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ГО ПРОСЛАВИ ХРАМОВИОТ ПРАЗНИК Reviewed by Momizat on . Во Македонската православна црковна општина „Св.Кирил и Методиј“ во Дортмунд, Германија, по повод храмовиот празник, на 24 мај 2016 година, се отслужи св.Литург Во Македонската православна црковна општина „Св.Кирил и Методиј“ во Дортмунд, Германија, по повод храмовиот празник, на 24 мај 2016 година, се отслужи св.Литург Rating:

ДОРТМУНД: МПЦО „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ГО ПРОСЛАВИ ХРАМОВИОТ ПРАЗНИК

ДОРТМУНД: МПЦО „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ГО ПРОСЛАВИ ХРАМОВИОТ ПРАЗНИК

Во Македонската православна црковна општина „Св.Кирил и Методиј“ во Дортмунд, Германија, по повод храмовиот празник, на 24 мај 2016 година, се отслужи св.Литургија, на којашто присуствуваа неколкумина верници. Поради работниот ден во Германија, прославата се одложи за наредната недела, поточно за 29 мај 2016 година.

Прославата започна со св.Литургија на којашто присуствува голем број верници и многу дечиња, коишто се причестија. Се исполнија верувањата на организаторите дека црковнот двор ќе биде претесен за сите верници, па сите  клупи и маси, коишто беа поставени за над 400 гости беа исполнети до последно место.

Во текот на денот доаѓаа сé повеќе и повеќе верници, а слободно можеме да кажеме дека секој уживаше во убавата македонска манџа, којашто се готвеше на лице место во црковниот двор.

Отец Душко во дел од својата проповед рече: „Радоста е потполна само ако се гледа и на лицето и на домаќините и на верниците. Така е и денеска меѓу сите нас!“

Целиот ден беше исполнет со детски џагор, игра и смеа. Старите раскажуваа за создавањето на оваа црковна општина, а младите се запознаваа меѓу себе, а сето тоа беше збогатено со македонската песна.

Известува од Дортмунд- Анита Пецова

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top