ВИЕНА: МАКЕДОНСКА ЗАБАВА СО ЈОРДАН МИТЕВ Reviewed by Momizat on . На 27 мај 2016 год., во преполната сала на МПЦО „Свети Наум Охирдски“ во Виена, Австрија, се одржа незаборавна македонска забава. Пред Македонците коишто живеаа На 27 мај 2016 год., во преполната сала на МПЦО „Свети Наум Охирдски“ во Виена, Австрија, се одржа незаборавна македонска забава. Пред Македонците коишто живеаа Rating:

ВИЕНА: МАКЕДОНСКА ЗАБАВА СО ЈОРДАН МИТЕВ

ВИЕНА: МАКЕДОНСКА ЗАБАВА СО ЈОРДАН МИТЕВ

На 27 мај 2016 год., во преполната сала на МПЦО „Свети Наум Охирдски“ во Виена, Австрија, се одржа незаборавна македонска забава. Пред Македонците коишто живеаат и работат во Виена и нивните пријатели настапи македонскиот пејач и музичар Јордан Митев, којшто им подари незаборавна вечер исполнета со македонска музика, многу емоции и позитивна енергија.

Гостинот во придружба на Ице Атанасовски, Гоце Пејак Костоски и Игор Ѓонески повеќе од пет часа ги веселеше присутните со изворни народни македонски песни.

На концертот посебно изненадување приреди управата на Фудбалската федерација на Македонија, предводена од директорот на македонскиот национален тим, Саша Чириќ, којшто во Виена го играше пријателскиот фудбалски натпревар против Азербејџан.

Имено, на црковната општина во Виена и’ беа подарени два дреса, коишто беа потпишани од сите фудбалери на македонскиот национален тим.

Секретарот на МПЦО „Св.Наум Охридски“ во Виена, Роберт Петрески, со радост му се заблагодари на Саша Чириќ, како и на членовите од ФФМ за подарокот, воедно тој појасни дека на следната поголема црковна манифестација дресовите ќе бидат дадени на лицитација, за да се соберат повеќе средства за црковната општина.

Исто така, присутните ги поздрави и Саша Чириќ, кој пред сé, пренесе поздрави од претседателот на ФФМ, Илчо Ѓеоргиевски, и посака што поскора  изградба на новиот македонски православен црковен храм во Виена.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top