ПОТРЕБНА Е ПОДДРШКА ЗА МИРОТ И РАЗВОЈОТ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ Reviewed by Momizat on . „За да се постигне ова ни се потребни милиони луѓе да го поддржат мирот и развојот низ целиот свет. Јас сигурно ќе учествувам во оваа кауза“, вели д-р Срѓан Кер „За да се постигне ова ни се потребни милиони луѓе да го поддржат мирот и развојот низ целиот свет. Јас сигурно ќе учествувам во оваа кауза“, вели д-р Срѓан Кер Rating:

ПОТРЕБНА Е ПОДДРШКА ЗА МИРОТ И РАЗВОЈОТ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ

ПОТРЕБНА Е ПОДДРШКА ЗА МИРОТ И РАЗВОЈОТ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ

„За да се постигне ова ни се потребни милиони луѓе да го поддржат мирот и развојот низ целиот свет. Јас сигурно ќе учествувам во оваа кауза“, вели д-р Срѓан Керим, кандидат на Македонија за генерален секретар на ОН, одговарајќи на пет прашања на Институтот „Планета Земја“

До кој степен во кандидатурата за генерален секретар на ОН ќе дадете приоритет на меѓународниот развој како предуслов за мир и безбедност, и како Африка се истакнува во Вашиот поглед на светот?

Низ историјата на ОН, научивме дека мирот и безбедноста како и одржливиот развој одат рака под рака.

Што се однесува до вториот дел од прашањето, Африка силно се истакнува во мојот поглед на светот. Во текот на подготовката на мојот манифест, во кој е презентирана деталната програма за мојата кандидатура за функцијата генерален секретар на ОН, ја консултирав Африканската Унија со цел да разберам дали идните приоритети на ОН се совпаѓаат со „Агендата на Африка 2063“, како и со безбедносните предизвици на континентот. Од искоренување на сиромаштијата во рамките на Целите за одржлив развој (СДГ), преку климатските промени и финансирање за развој, до борбата против тероризмот, вклучувајќи ги и реформите на ОН, јас сум добро упатен за потребите и желбите на африканските земји. Како што Африка влегува во имплементација на „Агенда 2063“ и Целите за одржлив развој, Механизмот за африканска научна рецензија (АПРМ) се очекува да игра уште поголема улога во следењето и ревизијата на регионално ниво, вклучувајќи и интерактивно учење и споделување на знаењето. Како резултат на тоа, Африка и нејзините партнери во развојот мора да го зголемат влијанието на АПРМ со пропорционално зголемување на поддршката на ресурсите и нересурсите за подобрување на нејзиниот капацитет.

Во својот говор на 26. Самит на Африканската Унија, претседателот Бан Ки-мун ги повика африканските лидери да тргнат од „воспоставување стандарди во областа на човековите права и правата на жените кон имплементација, градење институции и инвестиции“. Кои чекори африканските влади треба да ги преземат за да се постигне ова?

Африка има направено напредок, кој е вреден за пофалба во остварувањето на човековите и правата на жените. Неверојатно е да се види како жените и младите придонесуваат за поголема економска и социјална трансформација во динамичните општества на континентот. Освен тоа, Африканската Унија ја означи 2015 година како „Година на еманципирање на жените и развој кон Агенда на Африка 2063“, а 2016 како „Африканска година на човековите права, со посебен фокус на правата на жените“. Ова ја покажува посветеноста на африканските земји да го поддржат почитувањето на човековите права и да ги прошират можностите за економско и социјално учество на жените. Предизвиците со кои се соочува Африка се огромни, и не можат да бидат постигнати без целосно учество на жените и девојките. Некои чекори, верувам дека африканските земји може да ги преземат за да осигураат дека овие благородни принципи ќе станат реалност: да се создаде култура врз основа на почитување на човековите права, толеранција, разбирање и достоинствен живот за сите. Засегнатите страни, вклучувајќи ги владите, граѓанското општество, религиозните и лидерите на заедницата, приватниот сектор и академијата мора да ги здружат силите за поддршка на ова настојување и да го направат приоритет преку образовните и програмите за поддршка. Унапредување на владеењето на правото и човековите права, како и поддршка за жените претприемачи, пристап до технологија и финансии за да се создаде поволна средина за инвестиции и економски раст. Ова ќе помогне да се зајакне позицијата на континентот како атрактивна дестинација за инвестирање и бизнис. Решавање на незавршената работа од Милениумските развојни цели (МДГ), особено во однос на искоренувањето на сиромаштијата и намалување на смртноста кај мајките. Да се мобилизираат соодветни ресурси за зголемување на можностите за партиципација на жените, како и активности за родова интеграција на национално и регионално ниво.

Целите за одржлив развој го препознаваат приватниот сектор како главна движечка сила за развој. Како може бизнисите кои работат за профит да соработуваат со земјите од Африка и агенциите на ОН за постигнување на амбициозната агенда на СДГ?

Во мојата кариера, јас ја препознав важноста на ангажирање на приватниот сектор во дискусиите околу имплементацијата на оваа програма за развој. На моја иницијатива, како претседател на Генералното собрание на ОН, и во партнерство со поранешниот британски премиер Гордон Браун, го организирав првиот работен состанок и сесија меѓу водечки претставници на приватниот сектор и африканските лидери на држави. Бевме воодушевени да ги видиме менаџерите од „Кока-Кола“, „Хјулит-Пакард“, „Мајкрософт“, „САБМилер“, „Сумитомо кемикал“, „Томсон Ројтерс“, „Сити“, „Циско“, „Водафон“ и други да имаат средба со Џон Куфуор, поранешен претседател на Гана, и претседателот Кагаме на Руанда. Средбата се одржа во Лондон, во мај 2008 година, и заврши со конкретни договори меѓу африканските земји и компаниите кои присуствуваа. Мислам дека вакви средби треба да се одржуваат редовно, додека работиме на имплементација на Целите за одржлив развој, и со целосно учество на генералниот секретар на ОН. Исто така, мислам дека агенциите на ОН треба да играат клучна улога во овие дискусии.

На 11 февруари се прослави првиот Меѓународен ден на жените и девојките во сферата на науката. Каква улога може да играат ОН во тоа да се осигури дека жените се подобро претставени во науката?

Јас цврсто верувам дека родовата еднаквост и едукацијата, особено во науката, се релевантни за развој и напредок на нашите општества. Покрај тоа, ОН мора да продолжат да ги осигуруваат и да се борат за еднаквост на жените и да ги мотивираат девојките да се стекнат со диплома. Организацијата, исто така, треба да ја подигне свеста за родовата нееднаквост во образованието. Бидејќи меѓународната заедница, заедно со ОН ги охрабруваат жените и девојките од целиот свет да го продолжат своето образование во нивните области на интерес, ја изразувам мојата поддршка и разбирање за програмите, иницијативите и платформите на организациите како што се ОН Жени, Здружението на жените во науката, Кралската академија на науките меѓународен труст (РАСИТ), ДЕСА-ДСПД и многу други.

Ако бидете избран за генерален секретар на ОН, што мислите како ќе изгледа светот до крајот на Вашиот мандат?

Ако бидам избран за генерален секретар на ОН, можам да ве уверам дека ОН ќе бидат во многу подобра состојба од претходно. И можам да го бранам тоа пред земјите членки. Потребни се големи напори за да се осигури дека светот е подобро место за живеење. За да се постигне ова ни се потребни милиони луѓе да го поддржат мирот и развојот низ целиот свет. Јас сигурно ќе учествувам во оваа кауза. Во мојата книга, „Глобализација и дипломатија: Во потрага по подобар свет“ во детали се проучуваат и се анализираат овие предизвици.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top