СВЕЧЕНАТА АКАДЕМИЈА ЗА БРАЌАТА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИ ВО СИДНЕЈ Reviewed by Momizat on . Во неделата на 29–ти мај, 2016 година, со најголеми почести се одржа чествување на славните Браќа Свети Кирил и Свети Методи. Македонскиот Просветно Училишен Од Во неделата на 29–ти мај, 2016 година, со најголеми почести се одржа чествување на славните Браќа Свети Кирил и Свети Методи. Македонскиот Просветно Училишен Од Rating:

СВЕЧЕНАТА АКАДЕМИЈА ЗА БРАЌАТА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИ ВО СИДНЕЈ

СВЕЧЕНАТА АКАДЕМИЈА ЗА БРАЌАТА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИ ВО СИДНЕЈ

Во неделата на 29–ти мај, 2016 година, со најголеми почести се одржа чествување на славните Браќа Свети Кирил и Свети Методи.

Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс , како и секогаш, натпросечно ја организира оваа величенствена свеченост на која присуствуваа родителите и учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во етничките и редовните основни училишта, како и во  саботните средни училишта. Свеченоста се одржа во Црквата “ Свети Кирил и Методи“ во Сиднеј.

На свеченоста, гостите ги поздрави Госпоѓата Луција Џонс, Потпретседател на Федерацијата за јазици на зедницата, ги поздрави присутните и нагласи дека:„ Македонскиот просветно училишен одбор е значајна општествена институција во НЈВ, која динамично, активно и високо квалитетно ја организира наставата по македонски јазик во сите училишта. Напорната работа на учителките и волонтерите, постојано е пример за другите заедници во Нов Јужен Велс.“

За делото и значењето на Светите браќа Кирил и Методи зборуваше Претседателот на Македонскиот просветно училишен одбор , Госпоѓата Жаклина Михајлова, која меѓу другото рече:

„ Почитувани Гости, родители, ученици – пријатели на македонскиот јазик. Денеска ги чествуваме идеалите, името и делото на солунските браќа Кирил и Методи. Да се зборува за славните учители, свештеници, за славните филозофи е голема чест и гордост. За славата на учителите најдобро зборуваат нивните ученици, заправо генерациите на ученици што го слават делото кое сведочи за учителите. Како такви, и по род и по учење, и ние денес ја продолжуваме славата на славните Македонци и со изучувањето и организирањето на училиштата по македонски јазик во Австралија, ја потхрануваме светата македонска лоза.“

Програмата ја водеше Господинот Благоја Јосифовски, кој е  успешен млад Македонец. Денеска тој е професор по македонски јазик во средното саботно училиште во Бенкстаун, а пред години беше ученик во етничкото училиште во  Рокдаел, во средното во Когра, а го заврши и студиите по македонски јазик на Маквори Универзитетот. Во својот говор тој истакна: „Благодарение на Министерството за образование на НЈВ, кое овозможува , македонскиот јазик да се изучува во етничките , редовните и саботните средношколски центри  и на вложениот доброволен труд на сите членови на МПУО, јас, некогашен ученик во тие училишта, денеска стојам, рамо до рамо, со моите први учителки, стојам пред вас како секретар на МПУО и како учител кој ја учи денешната генерација ученици по македонски јазик. Користете го македонскиот јазик што повеќе во вашите семејства. Приликите што ќе ви се отворат преку мулти – лингвизмот во вашите криери се непроценливи, зашто живеете во свет кој што е толку технолошки и културно поврзан , толку зависен од познавањето на повеќе јазици“.

 

Потоа  на  заслужните учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во Нов Јужен Велс,од сите редовни и етнички основни, и средни училишта им беа доделени Признанија и Награди.

Специјални Благодарници им беа врачени и на активисти и доброволци кои го помагаат изучувањето на македонскиот јазик.

 

Добитници на Признанија за изучување на македонскиот јазик во Нов Јужен Велс:  Клои Илијоска,, Бриjана Илијоска , Клаудиjа Огњаноска, Татијана  Тошеска, Амилиjа  Анчевска, Никола  Кочанкоски, Кристијан Кузмановски, Наталиjа Петреска, Елизабет Мојановска, Петар Славески, Емилиjа Гулевска,  Даниел Грчев, Сиена  Петреска, Изабела  Митева, Кристина  Соколоска, Тијана  Манева, Анабел  Петреска, Ева  Ѓуровска, Стефан Трпковски, Наташа Трпковска, Емили Зафировска, Џасинта Глигороска, Алана Цветковска, Екатерина  Јовановска, Моника   Темелкова, Марко  Гурабиовски, Ребека  Басукоска, Александар  Бакрески, Александар Петровски, Ана Радеска, Матеа Димовска, Адриан Долевски, Филип Ѓоргиевски, Ешли Ѓоргиевска, Анамарија Ангелкоска, Стевче Димески, Емили Гашовска, Мелани  Најдовска, Симона  Бојческа, Петар  Павлоски, Јулијана  Блажевска, Емилиjа  Гашовска, Александра  Киселоска

Заслужни членови на МПУО и пријатели на македонскиот јазик:

Алберт Вела, Луција Џонс, Тоде Кабровски, Carlton Public School, Иван Трпоски, Ирена Вељанова, Наум Деспотоски, Управа на МПЦ “ Света Петка“ Рокдаел, Гордана Клисарова, Мак Видео – Драган Димитровски, Зара Јошевска – Travelworld  Wollongong, Carlton Public School, МПОС – Црква “Свети Кирил и Методи“, Јове Стојановски, Македонски Телефонски Именик, Цане Ристески, Ѓорѓи Михајлов и Наум Деспотовски. Драгица  Митева, Каролина Марковска, Раде Стојкоски, Елизабета Кузмановска, Александра  Грчева, Тања Гулевска, Пeрo Трифуновски, Кире  Простиженовски, Доне Кочанковски, Управа на МПЦ “ Света Петка“ Рокдаел, СБС – Радио, Радица Бојковска Димитровска, Мак Видео – Драган, Пецо Наумоски, МКУД „ Илинден“ Сиднеј и Столе Трајковски, Цвета Чумковска, Славица Ристевска, Силвана Трајковска

Весна Трајковска, Наташа Котевска, Трајана Стојановска, Лилјана Спироска, Весна Трајковска, Благоја Јосифовски,

 Мери Петковска, Дијана Јовчевска, Сузана Стојановска, Александра Ѓорѓиевска, Лидија  Славеска и Елена Здравковска.

Жаклина Михајлова – Учителката

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top