БИТОЛА И СОЛУН СЕ НАТПРЕВАРУВАЛЕ КОЈ ПОСВЕЧЕНО ЌЕ ГИ СЛАВИ KИРИЛ И МЕТОДИЈ Reviewed by Momizat on . Светите браќа Kирил и Методиј како основоположници на словенската писменост и литература се особено важни кај сите словенски народи, а во Македонија нивниот ден Светите браќа Kирил и Методиј како основоположници на словенската писменост и литература се особено важни кај сите словенски народи, а во Македонија нивниот ден Rating:

БИТОЛА И СОЛУН СЕ НАТПРЕВАРУВАЛЕ КОЈ ПОСВЕЧЕНО ЌЕ ГИ СЛАВИ KИРИЛ И МЕТОДИЈ

БИТОЛА И СОЛУН СЕ НАТПРЕВАРУВАЛЕ КОЈ ПОСВЕЧЕНО ЌЕ ГИ СЛАВИ KИРИЛ И МЕТОДИЈ

Светите браќа Kирил и Методиј како основоположници на словенската писменост и литература се особено важни кај сите словенски народи, а во Македонија нивниот ден почнал да се прославува некаде околу 19 век. Марко Цепенков запишал дека во Прилеп празникот на светите Kирил и Методиј најпрвин бил празник на тутунџискиот еснаф, а кога еснафот се расипал поради Монополот, празникот го присвоил брашнарскиот еснаф за свој празник. Според фолклористот Марко Kитевски, празникот на светите браќа Kирил и Методиј посвечено почнал да се празнува во 19 век.

Според една дописка во цариградскиот весник „Новини“ од 6 јуни 1891 година празникот на светите Kирил и Методиј во Битола бил празнуван многу свечено. Населението од Битола, се вели во оваа дописка, се натпреварувало со населението од Солун во посвечено празнување на празникот на светите браќа. Уште вечерта спроти празникот се гледале радост и воодушевување на лицата на населението. Учителите и учениците со песни виеле венци, кои ги ставале на вратите и прозорците од училиштата, пансионот претставувал величествена гора накитена со природни и вештачки цвеќиња. Таа слика станувала уште повеличествена со поставените портрети на султанот и на егзархот и на двете икони: едната со ликовите на светите браќа и другата со ликовите на светите Седмочисленици. Вечерта од сите страни колони ученици од сите училишта, како и многу народ ја исполниле црквата. Вечерната служба била извршена свечено. На самиот ден се служело во црквата „Св. Богородица“, која била преполна со народ. Архимандритот Kозма придружен од сите свештеници и еден ѓакон отслужил свечена служба, а потоа одржал слово во кое зборувал за значењето и светоста на тој празник и за заслугите на светите браќа. По распуштањето на црквата, масата се упатила кон машкото четворокласно училиште. Напред, од двете страни на улицата, во два реда оделе учениците и ученичките, во средината двајца ученици со голем и убав венец во рацете, а по нив се носеле иконите на св. Kирил и Методиј и на св. Седмочисленици. По нив одел народот и свештениците облечени во најсвечена облека. По целиот пат се пееле тропарот на празникот и пофални песни. Во дворот на училиштето бил извршен водосвет. На тој обред присуствувале неколку конзули: рускиот, англискиот и германскиот и сите свештеници, учители и учителки. По водосветот управникот на училиштето одржал слово за апостолската дејност на светите браќа, за нивните големи дела и за ширењето на христијанството меѓу словенските народи. Потоа биле почестени сите присутни во училишниот салон, по што почнала веселба со звуците на гајдата, која траела до пладне. Попладнето сите ученици, ученички, учители и учителки како и многу народ со четири гајди тргнале низ градот кон „Св. Недела“, каде што на зелената ливада, под густите сенки на дрвата се играло и пеело и се кажувале здравици до доцна во ноќта.

И во село Ваташа, Тиквешко, празникот на светите Kирил и Методиј бил празнуван со училишни приредби, со слово за светителите, со хорски песни, со литургија во црквата, со духовни поворки во кои се носеле икони, знамиња, литиски икони и други црковни предмети.

Заедничкиот празник прво бил на денот на смртта на свети Методиј

Светите браќа Kирил и Методиј имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување Kирил на 27 февруари и на св. Методиј на 19 април.

Но подоцна се јавила потреба за нивен заеднички празник, затоа што тие се родени браќа и затоа што заедно извршувале иста дејност. Најпрвин заедничкото празнување било на денот на упокојувањето на св. Методиј, како што е запишано во Станиславовиот пролог.

Но поради тоа што овој датум се паѓа во строгите велигденски пости, кога црквата забранува свечено празнување, се нашло за попогодно празнувањето да биде пренесено на 24 мај.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top