ОД ВИНАРКА, ВЕРА СТАНА ВИНКЛЕРКА НА ЕЛЕКТРОМОТОРИ Reviewed by Momizat on . Неготинката Вера Арсова завршила училиште за винарски техничар, па 17 години работела како текстилец, а сега е мајсторка за винклување електромотори. Оваа 49- г Неготинката Вера Арсова завршила училиште за винарски техничар, па 17 години работела како текстилец, а сега е мајсторка за винклување електромотори. Оваа 49- г Rating:

ОД ВИНАРКА, ВЕРА СТАНА ВИНКЛЕРКА НА ЕЛЕКТРОМОТОРИ

ОД ВИНАРКА, ВЕРА СТАНА ВИНКЛЕРКА НА ЕЛЕКТРОМОТОРИ

Неготинката Вера Арсова завршила училиште за винарски техничар, па 17 години работела како текстилец, а сега е мајсторка за винклување електромотори. Оваа 49- годишна жена вели дека конечно се пронашла себеси во овој занает за кој велат дека е главно машка професија. Со оваа пријатна и ведра жена разговаравме во сервис за винклување електромотори и пумпи и поправка на бела техника во Неготино. Ја прашавме како една жена стана успешен винклер на мотори.

– Од секогаш имав желба за електрика. Уште како мала сама менував светилки, мотав жички на старите осигурувачи. Kако девојка самата ја поправав пеглата, местев лустери… Завршив винарско училиште и заедно со сопругот произведуваме вино, ракија и мастика за сопствени потреби. Работев во конфекции, но нешто не ме влечеше таа работа. Во приватниот сервис на мојот сопруг најпрвин започнав да помагам околу поправката на машините за перење алишта. Винклувањето на моторите ми дојде како предизвик. На почетокот сопругот знаеше да ми каже – кај се пикаш кај што не ти е местото, оваа работа не е за тебе – раскажуваа Арсова.

Една грешка ќе го изгори моторот

Нејзиниот одговор бил дека сака да ја работи оваа работа.

– Првпат кога почнав да работам на овој занает не знаев што е лак, жица, што е мотор, што е статор, а што ротор. Имав обука три месеци од двајца мајстори од Kавадарци. На почетокот ми беше тешко оти 17 години да шиеш јаки во конфекција и одеднаш да дојдеш да винклуваш мотори – не е лесно. Учев како да го снимам моторот, да го нацртам во шема, како да го врзам, како треба да работи. Дали е монофазен или трофазен. И успеав. Kој има волја, желба, кој сака да го научи занаетот, ќе го научи. Јас си го работам занаетот со љубов – ни рече таа.

Но, овој занает не е лесен за жена, треба и физичка сила, признава Арсова.

– Тешка работа е, од чукањето болат рацете. Се заморуваш. Јас сум по цел ден сама во сервисот, сопругот главно е на терен. Објаснувам, продавам делови на муштерии. Ама за мене винклувањето не е тешка работа. Овој занает важи за машка работа, жените се ретки. Рацете ти се секогаш црни, измачкани, изгребани… Некои мотори се извалкани и мора прво да се мијат, а не можам да работам со ракавици и мора со прсти оти подобар е осетот – додава Арсова.

Вели ништо не ~ е проблем, само ~ пречи понекогаш нестрпливоста на муштериите.

– За секоја работа е потребно одредено време и не сакам кога ме брзаат. Оти секогаш кога се брза, може да не излезе како што треба. Порано побавно работев и ми требаше повеќе време, сега с` повеќе добивам рутина и кондиција. Најмоќен мотор што сум го работела е 110 киловати. Ако грешно се поврзе и се пушти да работи, моторот веднаш ќе изгори – објаснува винклерката Арсова.

Таа веќе 6 години е со овој занает. Со сопругот имаат две деца. Kога почнала со овој занает, ~ се случувало понекогаш по грешка да поврзе некој мотор, но веднаш си ја увидувала грешката. Имало и ситуации кога луѓе го барале мајсторот, па гледале во неа со неверување кога им кажувала дека ете таа е мајсторот.

Опасен спој меѓу Гавран и Рожден

Арсова кажа дека татко ~ е ѕидар, па смета дека ќе биде успешна ако почне да се занимава и со ѕидарство. Оти се покажало дека има талент за разни занаети, има чувство за мајсторлак. Таа е левучар, а знае да крои и лозје. Тие што ја познаваат велат дека успешна е во повеќе т.н. машки занаети.

– Ми викаат машка жена си ти, ова е машка работа. Некни завршивме еден мотор 55-киловатен. Го правевме во голема фирма во хала оти тука немаше место за него, а беше потребен и кран за да може да се врти – кажа додека со чеканот чукаше на еден од моторите што беше донесен за винклување.

Kажа дека винклува мотори за градежништво, сепарација, за липкери, дигалки и други градежни машини, за големи компании, за мотори за наводнување, но и такви што се за хидрофори.

Сопругот на Арсова, Александар, кој 31 година работи електрика, не се согласува дека таа е машка жена. Овој 51-годишен човек има најпофални зборови за неа.

– Точно е дека ретко која жена ова го работи, ама не викај така машка жена оти тоа е многу груб збор, таа е навистина згодна и убава, емотивна. Ама работи малку потешка работа. Kога се вели машка жена, не треба да се мисли на габаритна, туку дека работи машки работи – ни рече Александар со многу љубов за сопругата.

Тој додава дека низ работата имало повеќе анегдоти.

– Има многу случки и анегдоти, ама не ги кажувам оти ќе ми се налути. Лутка е таа – се шегуваше откривајќи дека тој е лакавичанец од селото Гарван, а таа од Рожден селото на Доста Рожденката, па тој спој, според него, е многу опасен.

Интересно е да се спомене дека Арсови обработуваат и околу 9 декари лозје и плус велат дека наоѓаат време и за планинарење. За празници, велат, се шетаат настрана. – Практикуваме 6 дена да работиме, а седмиот да одиме некаде на излет – велат Арсови.

Винклува и во сонот

Поради секојдневна преокупираност со занаетот, Вера Арсова вели дека ~ се случило и во сонот да винклува.

– Ако работам некој мотор, а нешто имам нејасно, цела ноќ го мислам и во сонот го цртам како треба да биде. Kога станувам, веднаш одам и го цртам да видам дали навистина така треба да биде. Работиме со фабрики и големи градежни компании и многу е важна навременоста оти ако не направам мотор, работниците треба да не одат на работа. Ми се случува да работам и прекувремено и до 24 или до еден часот по полноќ, само да се почитуваат дадениот збор и рок – вели Арсова.

Светлана Дарудова

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top