МАКЕДОНКА ВО ТРКА ЗА 50.000 ЕВРА НА ГОТВАРСКО ШОУ ВО СЛОВЕНИЈА Reviewed by Momizat on . Македонката Kатерина Ѓорѓиевска, кулинарски уметник, видеоблогерка и поборник на здравиот начин на живеење е еден од кандидатите за наградата од 50.000 евра во Македонката Kатерина Ѓорѓиевска, кулинарски уметник, видеоблогерка и поборник на здравиот начин на живеење е еден од кандидатите за наградата од 50.000 евра во Rating:

МАКЕДОНКА ВО ТРКА ЗА 50.000 ЕВРА НА ГОТВАРСКО ШОУ ВО СЛОВЕНИЈА

МАКЕДОНКА ВО ТРКА ЗА 50.000 ЕВРА НА ГОТВАРСКО ШОУ ВО СЛОВЕНИЈА

Македонката Kатерина Ѓорѓиевска, кулинарски уметник, видеоблогерка и поборник на здравиот начин на живеење е еден од кандидатите за наградата од 50.000 евра во словенечката верзија на планетарното готварско шоу „Мастер-шеф“.

Ова е втор настап во реално шоу на Ѓорѓиевска, позната под прекарот Kамала, откако претходно учествуваше во шоуто „Фарма“ во Словенија, каде што и живее.

Бидејќи Ѓорѓиевска е веган, нејзините јадења се мешавина од словенечка, индиска, медитеранска и француска кујна, но, се разбира, на вегетаријанска начин.

Сепак, поради потребите на шоуто, таа вети дека ќе направи исклучок и еднаш ќе приготви и месо.

Сепак, основната состојка со која таа ги приготвува јадењата е нејзината имагинација.

– Храната е за мене начин на изразување на мојата креативност и уметност. Мојата кујна ме учи да размислувам надвор од кутијата. Во кујната ги користам принципите за успех што ги научив во светот на бизнисот бидејќи принципите за успех се исти насекаде. Прво треба да смислам што да зготвам, потоа да ги засукам ракавите, да се подготвам и потоа да издржам додека не се зготви. Ако се откажете, никогаш нема да знаете што с` сте во можност да зготвите. Нема работа на светот што не можам да ја зготвам, нормално, ако не се откажам од обидот – вели Ѓорѓиевска.

Според неа, луѓето с` уште не можат да замислат какви вкусни јадења може да јадат, а тоа да не се месо, риба, јајца и други секојдневни продукти.

– Трикот е да веруваат луѓето во себе и во сопствените кулинарски вештини. На секое јадење му е потребно некое време за да се зготви. Затоа постојано повторувајте во себе „секогаш кога ќе испробам нешто ново, секогаш ќе зготвам нешто добро“. Го визуализирам финалниот изглед на јадењето, но сликата ја засилувам со чувства. Јас им верувам на инстинктите и со нив создавам убави работи – вели Ѓорѓиевска.

Таа ја прифатила понудата за настап во „Мастер-шеф“ затоа што сака предизвици и да напредува, но и да го надмине стравот од јавен настап.

– Предизвикот за мене е тоа што добри и признати готвачи ги оценуваат моите креации. На публиката сакам да ~ покажам што с` може да се направи од овошје и зеленчук на вегетаријански начин. И, пред с`, сакам преку готвењето да им порачам на младите луѓе зад екраните додека лежат на удобните каучи, дека никој нема да им го сервира животот според нивниот вкус, туку дека ќе мора да направат нешто од нивните сништа ако не сакаат остатокот од животите да го поминат јадејќи го она што други ќе им го сервираат. Зачинете си го животот по сопствениот вкус – вели Ѓорѓиевска, која не е поборник на традиционалните јадења за кои вели некој ги зготвил во минатото и тие се повторуваат со децении.

Подготвува и еротско кулинарско шоу „Kамала сутра“

Додека се натпреварува во шоуто, Ѓорѓиевска подготвува нов проект, уметничко- еротско кулинарско шоу „Kамала сутра“. Во него ќе презентира како да се подготви и сервира храна врз голото тело на партнерот во кујната или во спалната соба.

– Храната ги разбудува сетилата, а тоа може да биде многу еротично и секси. Јадењата и креациите, наместо сервирани во чинии, ќе бидат декорирани на телата на најубавите словенечки, но можеби и на холивудските уметници – вели Kамала.

Таа, меѓу другото, посакува да стане автор на меѓународно признат готвач на креативни вегански специјалитети или на мобилни апликации.

– Би сакала исто така да бидам водителка на првиот вегетаријански „Мастер-шеф“ на меѓународно ниво и да организирам исклучителни кулинарски музички вечери каде што луѓето ќе уживаат во моите креации и ќе можат да се уверат колку безмесната и „лајф френдли“ храна е убава и вкусна – вели Kамала.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top