АКАДЕМИЈАТА НА ВАРДАР ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА Reviewed by Momizat on . Вардар, и официјално, ја пушти во употреба Фудбалската академија во Градски парк наменета за момчиња од 6 до 14-годишна возраст. На свеченоста присуствуваше ком Вардар, и официјално, ја пушти во употреба Фудбалската академија во Градски парк наменета за момчиња од 6 до 14-годишна возраст. На свеченоста присуствуваше ком Rating:

АКАДЕМИЈАТА НА ВАРДАР ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА

АКАДЕМИЈАТА НА ВАРДАР ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА

Вардар, и официјално, ја пушти во употреба Фудбалската академија во Градски парк наменета за момчиња од 6 до 14-годишна возраст. На свеченоста присуствуваше комплетното раководство на шампионот, јавни личности, десетици дечиња од сите возрасни категории, нивните родители, бизнисмени, гости. На располагање се ставени две осветлени фудбалски игралишта со вештачка трева со димензии 130 м./65 м., шест соблекувални по 50 квадратни метри (четири за вардаровите надежи, две за тренерите). Објектот е опремен со централна вентилација и подно греење, предавална за теоретска и спортска настава со површина од 70 квадратни метри, канцеларии за администрацијата, економат, технички и помошни простории. Веднаш до академијата беше удрен камен-темелник на новата административна зграда на Вардар во чии рамки се предвидени клупскиот музеј и други придружни содржини.

Андреј Гиновски

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top