КЕНИЈЦИТЕ КИПРОЧ И БИВОТ ПОБЕДНИЦИ НА СКОПСКИ МАРАТОН 2016 Reviewed by Momizat on . Кенијските натпреварувачи Кириу Кипротич во машка и Гледис Џепкурио Бивот во женска конкуренција се победници на 12. Виз Ер Скопски маратон, што денеска се одрж Кенијските натпреварувачи Кириу Кипротич во машка и Гледис Џепкурио Бивот во женска конкуренција се победници на 12. Виз Ер Скопски маратон, што денеска се одрж Rating:

КЕНИЈЦИТЕ КИПРОЧ И БИВОТ ПОБЕДНИЦИ НА СКОПСКИ МАРАТОН 2016

КЕНИЈЦИТЕ КИПРОЧ И БИВОТ ПОБЕДНИЦИ НА СКОПСКИ МАРАТОН 2016

Кенијските натпреварувачи Кириу Кипротич во машка и Гледис Џепкурио Бивот во женска конкуренција се победници на 12. Виз Ер Скопски маратон, што денеска се одржа низ улиците на главниот град на Македонија.

Маратонската патека од 42.195 километри Кипротич ја помина со време од 2:12:36. Зад него се пласираше неговиот сонародник Ричард Кипроно Бет со време од 2:14:36, додека на третото место се најде Едвин Кирпуто Кирва (2:15:08). Во топ пет маратонци се најдоа шампионот од 2013-та година, Вајклиф Кипкорир Бивот (2:19:07) и Силас Кипроно Ту (2:19:07).

kenijci

Во женска конкуренција Кенијката Гледис Џепкуруи Бивот со време од 2:40:10 е годинешната шампионка, а зад неа се пласираа Етиопјанката Шаваје Гамечу Дебелу со време од 2:45:30 и Фабиола Џон Вилијам од Танзанија со 2:49:13.

Од македонските натпреварувачи во машка конкуренција најдобро пласиран беше Александар Кираџиев, кој го осови седмото место со резултат од 2:45.57 часа, а веднаш зад него се пласираа Ристе Лазаров (2:48.45), Муџаид Мислимовски (2:54.54) и Игор Јанкуловски со време од 2:56.21 час.

Во женска конкуренција најбрза Македонка беше Весна Кираџиева, која патеката ја истрча за 3:22.41 час, што беше доволно за седмото место, додека Милена Чкрипеска се пласира на осмата позиција со резултат од 3:23.25 часа.

На полумаратонската трка од 21.километар во машка конкуренција триумфираше Албанецот Илир Келези со време 1:10.18 час, втор беше Македонецот Дарио Ивановски со време 1:11.14, а трет Србинот Кристијан Стошиќ, кој ја истрча патеката за 1:14.35 часа. Во женска конкуренција најбрза беше Србинката Даниела Бараќ (1:27.39), пред сонародничката Снежана Милошевиќ (1:32.23), а третото место и припадна на нашата натпреварувачка Адријана Поп Арсова со време 1:36.54 часа.

На пет километри во женска конкуренција победија Рената Соколовска, и Суад Крејзиу во машка.

На  годинашниов „Виз Ер Скопски Маратон“, кој е под покровителство на Град Скопје и Мисијата на Европската унија, учествуваа над осум илјади лица од 46 држави.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top