КАЛИОПИ ЈА ОДРЖА ПРВАТА ПРОБА ВО „ГЛОУБ АРЕНА“ Reviewed by Momizat on . Вчера „Глоуб арената“ во Шведска првпат ги угости учесниците на втората полуфинална евровизиска вечер, која ќе се случува на 12 мај. На сцената ги видовме претс Вчера „Глоуб арената“ во Шведска првпат ги угости учесниците на втората полуфинална евровизиска вечер, која ќе се случува на 12 мај. На сцената ги видовме претс Rating:

КАЛИОПИ ЈА ОДРЖА ПРВАТА ПРОБА ВО „ГЛОУБ АРЕНА“

КАЛИОПИ ЈА ОДРЖА ПРВАТА ПРОБА ВО „ГЛОУБ АРЕНА“

Вчера „Глоуб арената“ во Шведска првпат ги угости учесниците на втората полуфинална евровизиска вечер, која ќе се случува на 12 мај.

На сцената ги видовме претставниците на Летонија, Полска, Швајцарија, Израел, Белорусија, Србија, Ирска, Литванија, Австралија и Македонија. Работниот дел почна во 10 часот, а нашата претставничка Калиопи, како што пишуваат регионалните медиуми, беше во топ-форма и привлече внимание со својата изведба на „Дона“: пеење, пиротехника, драматизација и придружните вокали – се беше на завидно ниво, што додатно ја инспирира нашата дива.

Годинашниот Избор на песна на Евровизија почнува на 10 мај, кога ќе се одржи првата полуфинална вечер. Калиопи настапува во второто полуфинале, на 12-ти, а големото финале ќе се одржи во сабота, на 14 мај. Калиопи имаше турнеја низ повеќе европски земји каде што ја претставуваше нашата песна пред европската публика.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top