„ДОНА“ ПРОДОЛЖУВА ДА ВООДУШЕВУВА Reviewed by Momizat on . Калиопи, нашата евровизиска претставничка, по покана на организаторот на најголемиот евровизиски промотивен настан „Eurovision in concert“, минатиот викенд прес Калиопи, нашата евровизиска претставничка, по покана на организаторот на најголемиот евровизиски промотивен настан „Eurovision in concert“, минатиот викенд прес Rating:

„ДОНА“ ПРОДОЛЖУВА ДА ВООДУШЕВУВА

„ДОНА“ ПРОДОЛЖУВА ДА ВООДУШЕВУВА

Калиопи, нашата евровизиска претставничка, по покана на организаторот на најголемиот евровизиски промотивен настан „Eurovision in concert“, минатиот викенд престојуваше во Амстердам.

Концертот беше придружен со средба со новинарите, каде што најдобро се потврди фактот дека евровизиските медиуми и фанови многу добро ја паметат по настапот во Азербејџан во 2012 година, кога Калиопи ја пееше „Црно и бело“. За три часа таа даде повеќе од триесет интервјуа, рушејќи го сопствениот евровизиски рекорд.

Позитивната реакција продолжи и за време на настапот во „Мелквек арената“, каде што Калиопи како најголема евровизиска ѕвезда настапи пред самиот крај на концертот. Реакцијата на публиката беше еуфорична што потврди дека „Дона“ звучи интензивно и моќно.

Веднаш по Амстердам, Калиопи ја продолжи својата промотивна турнеја во Софиjа, Бугарија, каде што по покана на националната телевизија БНТ гостуваше во утринската програма „Денот започнува“.

Гостувањето во Бугарија беше заокружено со интервју за регионалната музичка телевизија Балканика, каде што може да се погледне и видеозаписот за „Дона“.

За два дена, Калиопи заминува за Лондон, Велика Британија, каде што ќе земе учество на уште еден голем промотивен настан, лондонската евровизиска забава. Во Лондон годинава ќе настапат осумнаесет учесници од годинашното издание на „Евровизија“, а Калиопи како специјален гостин на ОГАЕ Велика Британија ќе го отвори концертот со „Дона“, за подоцна да се врати на сцената со самостоен настап.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top