КАЛИОПИ ПЕЕ ОСМА ВО ВТОРАТА ПОЛУФИНАЛНА ВЕЧЕР Reviewed by Momizat on . Шведската телевизја, како домаќин-радиодифузер и оргазнизатор на годинешнава Евровизија 2016, го откри редоследот на настапи на учесниците во полуфиналните вече Шведската телевизја, како домаќин-радиодифузер и оргазнизатор на годинешнава Евровизија 2016, го откри редоследот на настапи на учесниците во полуфиналните вече Rating:

КАЛИОПИ ПЕЕ ОСМА ВО ВТОРАТА ПОЛУФИНАЛНА ВЕЧЕР

КАЛИОПИ ПЕЕ ОСМА ВО ВТОРАТА ПОЛУФИНАЛНА ВЕЧЕР

Шведската телевизја, како домаќин-радиодифузер и оргазнизатор на годинешнава Евровизија 2016, го откри редоследот на настапи на учесниците во полуфиналните вечери на ова музичко натпреварување. Според ждрепката, македонската претставничка Калиопи ќе настапи осма, во втората полуфинална вечер. Во првата полуфинална вечер, прва ќе настапи Финска, а потоа следуваат: Грција, Молдавија, Унгарија, Хрватска, Холандија, Ерменија, Сан Марино, Русија, Чешка, Кипар, Австрија, Естонија, Азербејџан, Црна Гора, Исланд, Босна и Херцеговина и Малта.

Втората полуфинална вечер започнува со настапот со Летонија, по која следуваат: Полска, Швајцарија, Израел, Белорусија, Србија, Ирска, Македонија, Литванија, Австралија, Словенија, Романија, Бугарија, Данска, Украина, Норвешка, Грузија, Албанија и Белгија.

За редоследот на настапи во финалето ќе се одлучува по второто полуфинале. Првото полуфинале има 18 учесници, а ќе с еодржи на 10. мај, додека 19. учесници од второто полуфинале ќе настапат на 12. мај. Големото финале ќе се одржи на 14. мај во Стокхолм.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top