ЈЕЛИСАВЕТА ГЕОРГИЕВА: ЕДУКАЦИЈА И ВМРЕЖУВАЊЕ НА ФИРМИТЕ ВО ЗАЕДНИЧКИ КЛУБ Reviewed by Momizat on . Стопанската комора на Македонија, следејќи ги трендовите во европските земји, креираше нова алатка со која ќе им помага на бизнисите за нивен постојан раст. Фор Стопанската комора на Македонија, следејќи ги трендовите во европските земји, креираше нова алатка со која ќе им помага на бизнисите за нивен постојан раст. Фор Rating:

ЈЕЛИСАВЕТА ГЕОРГИЕВА: ЕДУКАЦИЈА И ВМРЕЖУВАЊЕ НА ФИРМИТЕ ВО ЗАЕДНИЧКИ КЛУБ

ЈЕЛИСАВЕТА ГЕОРГИЕВА: ЕДУКАЦИЈА И ВМРЕЖУВАЊЕ НА ФИРМИТЕ ВО ЗАЕДНИЧКИ КЛУБ

Стопанската комора на Македонија, следејќи ги трендовите во европските земји, креираше нова алатка со која ќе им помага на бизнисите за нивен постојан раст. Формиравте Клуб на менаџери кој има веќе 40 членки, и на овие фирми им ставате на располагање логистика, знаење, професионалност, поддршка од домашните институции со цел нивна поддршка, развивање, напредок и поврзување со домашни и странски партнери. Овој клуб веќе почна да функционира, на кој начин се врши поврзувањето, односно вмрежувањето на компаниите?

Клубот на менаџери-претприемачи при Стопанската комора на Македонија претставува ексклузивна можност за членување во мрежа на растечки мали и средни компании. Нашите членови имаат можност да се приклучат во мрежата и да споделат искуства, контакти и знаење со цел остварување на континуиран раст и поддршка на бизнисот, преку постојана едукација и контакти со фирмите и потребните институции. Целта на Клубот е да овозможи учење преку релаксирана, но продуктивна атмосфера во насока на остварување раст за бизнисот на конструктивен начин. Членовите имаат можност да следат едукативни настани во текот на целата година, со однапред предвидена програма која вклучува повеќе настани месечно, зависно од избраното ниво на едукацијата и програмата за секое лице посебно. Секако на вмрежувањата има претприемачи од големи компании кои ги споделуваат нивните искуства за успех, но и можностите за соработка со другите.

Фирмите меѓусебно ќе споделуваат знаења, дали се очекувате да произлезат и партнерства на конкретна соработка меѓу компаниите?

Бројните едукативни програми и обуки кои се нудат на пазарот им овозможуваат на менаџерите да го поттикнат стручниот и професионалниот развој на своите вработени, но она што е предност за нашиот Клуб е конструктивната програма и мрежа наменета за повеќе нивоа на менаџмент во компаниите. Од таа причина, Клубот на менаџери-претприемачи организира настани и нуди програми кои во крајна линија треба да придонесат за споделување знаење и искуство со цел долгорочна поддршка на компаниите и создавање нови можности за раст и поврзување со саканите партнери.

Што опфаќаат едукативните настани, и кои се’ ќе бидат предавачи, дали вработени, менаџери од самите компании или и надворешни експерти, професори од земјава и од странство?

Едукативните настани опфаќаат обуки наменети за развој на „меки“ вештини потребни за секоја дејност, но и професионални, стручни обуки во рамките на кои компаниите ќе стекнуваат познавања од различни области важни за тековното функционирање на секоја компанија. Дополнително, во рамките на секое ниво, постојат еднодневни семинари на теми од различни области во делот на ИСО-стандардите, финансиите, човечките ресурси, а особено теми во делот на законските измени и следење на сите новини. Стопанската комора на Македонија соработува со врвни предавачи и тренери од Македонија и од регионот. Членовите на Клубот имаат можност да се запознаат и да споделат искуства и знаење не само со тие предавачи туку и со многу еминентни гости- менаџери или експерти од повеќе нивоа од домашните компании кои на практичен начин го споделуваат своето искуство, што овозможува ширење на мрежата и креирање на бизнис-можности. За компаниите организираме и едукации во нивните седишта и на теми од нивно барање, а постојано правиме посети со цел осознавање на нивните потреби, проблеми со кои се соочуваат при секојдневното работење и давање на стручна поддршка.

Кои привилегии освен едукативните настани ги нуди Клубот на менаџери претприемачи?

Членовите на Клубот добиваат ексклузивни можности, понуди, попусти и соработка со покровителите на Стопанската комора на Македонија кои во моментот ги има над 40. Привилегии од Советот на странски инвеститори. Во овој Совет членуваат повеќе од 115 странски компании од различни земји и сектори, кои имаат значаен придонес во бруто-домашниот производ и севкупната вработеност на населението во земјата. За членовите на Клубот на менаџери -претприемачи привилегиите значат можност за создавање на нови партнерски релации, особено во делот на развивање на ланци на добавувачи.

Стопанската комора има воспоставено соработка со Виенскиот институт за меѓународни економски студии што ќе значи обезбедување стручни анализи, истражувања и студии за различни дејности во согласност со потребите на стопанството од корист за нивниот бизнис. Клучните бенефиции од членството на Комората во ЕЕН мрежата – Ентерпраис Европа нетворк се во насока на подобрување на процесот на имплементација на иновациите во реалниот сектор, интензивирање на бизнис-релациите и трансфер на технологија.

Дали фирмите покрај нивната меѓусебна комуникација, ќе можат да го користат, што се вели, членството на Стопанската комора во повеќе меѓународни организации, но и поддршка во насока на организирање на саеми, конкурирање за ЕУ фондовите, па дури и помош при решавање на нивните спорови, што ги имаат меѓу себе фирмите?

Точно така, фирмите ќе можат да користат многу услуги, една од нив е услугата Екселлент СМЕ, односно да добијат сертификат за деловно работење кој Стопанската комора на Македонија го издава во соработка со позната агенција за кредитен рејтинг од Хрватска, за најуспешните мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигури бизнисот, добрите бизнис-практики и да се зголеми пазарната транспарентност. Членките на Клубот ќе имаат информации за активностите од регионалната и меѓународната бизнис мрежа со што нашите бизниси можат со квалитетите со кои располагаат да излезат надвор и организирано и поддржано од нас да ги презентираат своите можности. Фирмите ќе добијат поддршка и во организирање на Б2Б средби, саеми, презентации, форуми во Македонија и на меѓународно ниво, во делот на апликации за ЕУ проекти и фондовите, консултации, споделување на бизнис информации. Фирмите ќе имаат и привилегии од постојан суд -Арбитража при Стопанската комора на Македонија, надлежна за арбитражно решавање на домашни спорови и на спорови со меѓународен елемент, спорови за права со кои странките можат слободно да располагаат и за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија, доколку странките ја договорат нејзината надлежност. Оваа институција која е во палетата на услуги кои постојано ги нудиме на членките на клубот е погодна за мали спорови, за наплата на побарувањата како и за ефикасно и брзо завршување на стопанските предмети кои договорно ја предвидуваат арбитражата со арбитражна клаузула.

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top