ВЛАХОВ МИЦОВ: ЏАБЕ СЕ ТРОШИ НАЦИОНАЛНАТА ЕНЕРГИЈА Reviewed by Momizat on . Веќе 25 години енергијата на македонскиот народ се троши без никаква корист и за самиот народ и за македонската држава. Мала земја по територија и население мор Веќе 25 години енергијата на македонскиот народ се троши без никаква корист и за самиот народ и за македонската држава. Мала земја по територија и население мор Rating:

ВЛАХОВ МИЦОВ: ЏАБЕ СЕ ТРОШИ НАЦИОНАЛНАТА ЕНЕРГИЈА

ВЛАХОВ МИЦОВ: ЏАБЕ СЕ ТРОШИ НАЦИОНАЛНАТА ЕНЕРГИЈА

Веќе 25 години енергијата на македонскиот народ се троши без никаква корист и за самиот народ и за македонската држава. Мала земја по територија и население мора да ги користи вешто и природните ресурси и интелектуалниот потенцијал на луѓето. Наместо тоа, денес надвор од Република Македонија живеат повеќе Македонци отколку во самата држава.

Причините за незапирливата македонска емиграција /повеќето млади луѓе/ се две.

Едната е поврзана со големата невработеност, со ниските плати и со неможноста вистински квалификуваните македонци да се реализираат во општеството. Велам „вистински квалификувани“ затоа што во Македонија имаме многу луѓе со дипломи за високо образование, магистри и доктори на науки, кои воопшто не одговараат на нивните знаења.

Фактот дека многумина Македонци одат во туѓина и се вработуваат во светските универзитети, институти и организации е доказ дека кај нас концептот за организација на државата е погрешен. Прашањето не е дека сме сиромашни и немаме пари да ги плаќаме големите македонски стечајци. Затоа што трошиме пари не само на глупости, а и на штета на Македонија.

Зашто противуставното паралелно Јавно обвинителство доби 4 милиони евра буџет, кој е неколку пати поголем отколку буџетот на законското Јавно обвинителство? Како може тие антидржавни „обвинители“ да земаат неколку пати повеќе плата отколку претседателот и премиерот во државата?

Значи ние граѓаните, со нашите даноци храниме антимакедонски елементи. По одлука на странците која ја реализираат македонските пратеници во Собранието. Тука ми доаѓа на памет една анегдота кога некои глупаци добиле наредба да се самообесат и отишле да прашаат дали мора да си го платат јажето или ќе им го дадат без пари. За жал, кој нас не станува збор за анегдота, туку за жална реалност. Притоа, го правиме тој идиотизам не од глупост, туку од страв. Ако бевме глупави, немаше политичари, аналитичари, новинари да пишуваат и докажуваат со факти за политичкиот криминал на Катица Јанева и тројцата од нејзините „обвинители“. Како и за криминалните дејствија на министрите од СДСМ. И гледајте, од една страна има криминал, од друга – се гласа фантастичен буџет за тој криминал. Се знае дека неуставната Јавна обвинителка е американски продукт. Исто така како министерот за одбрана Јолевски. Заради нашиот страв, тој министер беше пикнат во Владата и уште е таму. Заради страв, наместо да бидат уапсени и да завршат во затвор, продуктите на странските служби диктираат и услови за изборите, и кога да бидат тие реализирани. До кога со тие политички калкулации?

Ете тоа е главната причина Македонците да бегаат од државата.

Втората причина е поврзана со првата. Уште во времето на Југославија покажеме Македонците се плашеа да ја покажат национален став. Таа политика наметната од социјалистичките македонски политичари продолжи и по осамостојувањето во 1991 год. Од неа беа заразени и историчарите и другите научници. Нашите учебници, нашите научни трудови не воспитуваат во патриотизам. Ако не се антимакедонски по својата содржина, тоа се нечитливи, елементарни и глупави. Македонската историја е велика, македонските вредности имале клучна улога во светската цивилизација. Но, тие вистини мора да се покажат на интересен начин, со убав македонски јазик, со точни примери и блескаво образложение. Во последниве децении улогата на „изумрените“ историчари ја презедоа големите македонски творци како Анте Поповски, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Ташко Георгиевски. Нивните книги ги афирмираат македонските вредности во светот, но состојбата во образованието остана катастрофална. Да се потсетиме дека по создавањето на држава Израел, Eвреите од цел свет ги напуштија своите високи позиции во државите каде што живееја и отидоа да градат нова држава. Така, тие делеа заеднички имот и леб и успеаja да направат модерна држава. И денес ја бранат и со економија, и со култура, и со оружје. Спротивно на Eвреите, нашите Mакедонци емигрираат од државата, затоа што нашите државни институции не можат да ја направат привлечна за нив, не можат да ги охрабрат и му дадат предност на своето.

Уште пред 1991. година македонските политичари го отворија јазот меѓу зборовите и делата, меѓу ветувањата и реализацијата. И колку повеќе беа ветувањата, толку помалку беа остварувањата. Народната енергија се троши за се и сешто: меѓупартиски расправии, нервози околу името, јазикот, црквата, околу законите донесени, па веднаш вратени за корекција или целосно повлечени. Од измамната атинска демократија во антиката до денес светот живее во наводна демократија. Наместо власт на народот / кратос + демо/ имаме краДос + демо, т.е. кражба од демосот, од народот. Сепак има две опции: крадење со мерка и крадење без мерка. Во првиот дел се држави како Швајцарија каде има елементи на директна демократија. Таму со референдум одлучуваат дури за градење на пат, мост или чешма. Притоа политичарите крадат, но има и за граѓаните и тие имаат висок просечен стандард. Кај нас во Македонија политичарите крадат без мерка. Во 90-те години на минатиот век стотици илјади Македонци беа исфрлени на улица, претпријатијата продадени на странци, а политичарите си ги ставија парите во џеб. А од директна демократија нема ни трага. Затоа и најголемите градоначалници криминалци си ги завршија мандатите и дури добиваат нови, затоа нема отповикани пратеници во Собранието, затоа нема министри во затвор. Во Македонија веќе цела деценија народот и македонската дијаспора не можат да ги натераат политичарите да ги прекинат преговорите со Грција за исконското македонско име.

Во Македонија против волјата на македонскиот народ на неколку пати беше ревидиран Уставот. Првпат само 54 денови од неговата примена. Се потпишаа антидржавни договори како Рамковниот и Пржинскиот, се донесоа антиуставни закони, се „во име на народот“. Народот само на хартија е суверен на државата. Дури веќе не е суверен ниту на хартија, бидејќи во ревидираниот Устав македонскиот народ не е државнотворен народ, а само етничката заедница на која се заканува иднина да не биде и етничка. Народот има право само да гласа на избори и потоа да оди на митинзи во поткрепа на опозицијата или на Владата. Да се дере и да протестира џабе. Преку глава ни е од секакви „олеснувачи“ и странски газди, ама тие доаѓаат и ни носат закони, а потоа ги менуваат бидејќи не сме биле дораснати за европски закони /како оној за медиуми/. Секојдневно не навредуваат и не именуваат како што ќе им текне и никому ништо. Да, и во другите земји има не директна, туку наводна демократија, но таму политичарите цврсто ги бранат нивните држави и нивните нации. Ако ги навредите германскиот, францускиот, американскиот, кинескиот, рускиот народ, веднаш ќе отидете во затвор. А ние допуштаме да не навредуваат секакви странски и домашни изроди и никому ништо. За 25 години десетици странски фаци дојдоа во Македонија да ни држат предавања и да ни солат памет и никој од нив не беше прогласен за непожелен. Уште полошо. Им се заблагодаруваме за односот и „пријателството“. Зашто тогаш се жалиме дека сме станале за потсмев во светот?

Зашто толку време трошиме национална енергија и се оптоваруваме интелектуално и психички, политички и медиумски со преговори за нашето име, за статусот на МПЦ и за тоа кој го признава и кој го негира македонскиот јазик и македонската историја? Ако имавме вистински политичари тие уште од почетокот ќе кажеа: Нашето име е Република Македонија, нашиот јазик е македонскиот, нашата црква одамна е афтокефална, нашата историја е близу три милениума, се разбира и македонскиот идентитет. Точка за сите овие прашања.

Во светот има повеќе од 200 држави и две третини од нив ни го признаваат и името, и јазикот. И бидејќи еден наш духовник ми кажа: „Сакаме да ја признаат МПЦ за да шетаме повеќе во светот“, има многу непризнаени цркви со кои нашата може да направи сојуз и пак да си шетаат. РЕЦИПРОЦИТЕТОТ Е КЛУЧЕН КРИТЕРИУМ ЗА МЕЃУДРЖАВНО И МЕЃУСЕБНО ПОЧИТУВАЊЕ. Ако ти ја негираат државата, треба и ти да ја негираш нивната. Истото е со јазикот, со црквата, со историјата. Тука не може да има дипломатија, преговори, желби. Бидејќи времето на македонскиот космополитизам уште не дошло, мора да го користиме досегашниот принцип: Почит за почит, удар за удар. За крај еве една турска мудрост: Синот на султанот бендисал убава девојка, па го замолил татка си да прати стројници за да ја побараат за невеста. Султанот пратил видни луѓе, но таткото на девојката бил зол  човек и ги истепал, затоа што мислел дека го исмејуваат. Тогаш султанот се налутил, па го пратил џелатот да му ги искрши коските. И, еве ги зборовите на маченикот: „Алах да го благослови великиот султан бидејќи ми прати човек да разберам што сака“. Оваа приказна целосно одговара на деградираниот менталитет на македонската опозиција.

СТЕФАН  ВЛАХОВ  МИЦОВ

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top