ГРЧКОТО МИНАТО ЈА КОЧИ МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА Reviewed by Momizat on . Минатиот месец, американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека Црна Гора најверојатно ќе добие покана во НАТО на самитот во Варшава во јули в година ако бид Минатиот месец, американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека Црна Гора најверојатно ќе добие покана во НАТО на самитот во Варшава во јули в година ако бид Rating:

ГРЧКОТО МИНАТО ЈА КОЧИ МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА

ГРЧКОТО МИНАТО ЈА КОЧИ МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА

Минатиот месец, американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека Црна Гора најверојатно ќе добие покана во НАТО на самитот во Варшава во јули в година ако бидат исполнети два услова: ако поддршката од јавноста се зголеми (во моментот е околу 33 отсто) и ако се спроведат дополнителни реформи. Она што тој веројатно го знае, но не го кажа е дека јавната поддршка за членство во НАТО во Македонија продолжува да биде на високо ниво (околу 77 отсто) и оти Македонија ги спроведе сите потребни реформи – и тоа уште во 2008 година.

Даниел Сервер, експерт за Балканот, професор и поранешен американски дипломат, неодамна говореше на универзитетот „Харвард“со амбасадорот Метју Нимиц за спорот со „името“. Во забелешките што ги користеше за својот говор, тој вели: „Дозволете ми да почнам со очигледното: овој спор во суштина не е за името. Но, ако не е за името, за што е тогаш? Исто како и во многу балкански конфликти, се работи за идентитет и за територија… Грција не сака да го признае постоењето на ’македонско‘ малцинство на своја територија, стравувајќи дека тоа ќе доведе до територијални и до други побарувања“. Сервер е апсолутно во право. Не станува збор за името- станува збор за идентитетот, а вашиот идентитет како Македонци е нешто за што не се преговара. Не можете да го смените сопствениот идентитет исто како што не можете да ја смените својата ДНK. Тие се дел од она што сте.

Сервер продолжува велејќи: „Ова не упатува на подлабокиот проблем: идентитетот. Претераното докажување на националниот идентитет произлегува од несигурноста околу националниот идентитет… Имам дури и грчки дописници кои ме информираат дека ние (САД) всушност и не сме нација зашто не споделуваме исто генетско или културно наследство“. И ова е дел од проблемот: Грците не се сигурни во сопствениот идентитет. Еве совршен пример за тоа: еден корисник на Твитер неодамна објави фотографија на грчкиот министер за одбрана кој се поклонува со почит и ја одбележува битката кај Саламина, која се случила 480 година п.н.е. На тоа, друг корисник на Твитер му одговори: „И ти се грижиш дека Србија има проблем со 1389 година?“ Нашите грчки пријатели се целосно заглавени во минатото. Но, нивното минато ја задржува иднината на Македонија.

Сервер понатаму вели дека Вашингтон треба и може да „инсистира“ Македонија да стане членка на НАТО на самитот во Варшава v година. И јас се согласувам со него (иако е исто така точно дека Македонија може да биде примена во НАТО на која било средба на алијансата во меѓувреме). Безбреој македонски лидери – и од левицата и од десницата – имаат изјавено дека Македонија би прифатила да влезе во НАТО (или ЕУ) под привремената референца што ја содржи Резолуцијата 817 на ОН од април 1993 година. Ова е решение, но Грција го отфрли. А според Привремената спогодба од 1995 година, Грција се согласи да ~ дозволи на Македонија да им се приклучи на меѓународните институции под привремената референца. Но Грција одбива да го почитува документот што го потпиша. Македонија ја тужеше Грција пред Меѓународниот суд на правдата (и го доби процесот), но Грција одби да ја почитува одлуката на Меѓународниот суд на правдата.

Што може да прави Македонија кога Грција одбива да ги почитува договорите на кои се обврзала, кога е тужена и повторно одбива да ја почитува судската одлука? И што може Македонија да направи ако меѓународната заедница одбива да ја спроведе на дело таа одлука? Дали „инсистирањето“ Македонија да влезе во НАТО на самитот во Варшава ќе биде товар за Грција? Ќе ~ наштети ли на Грција? Се разбира дека не. Напротив, ќе ја поттикне алијансата. Ќе го засили јужното крило на НАТО во време кога тоа треба да биде зајакнато. Ќе покаже дека билатералните спорови немаат врска со членството во НАТО – затоа што и немаат.

Македонија, се разбира, понуди свое елегантно решение: Грција може да ја нарекува Македонија како што сака, но остатокот од светот ќе ја нарекува и ќе ја признава Македонија со нејзиниот идентитет и нејзиното уставно име. Но, тоа не е доволно добро за Грција. Ама би требало да е доволно добро за НАТО. И за ЕУ. За жал, образложението на НАТО за Македонија оди во оваа насока: „Грција е во клубот, а вие не сте. Мора да преговарате со Грција и да дојдете до заеднички прифатливо решение за името.“ Технички, ова не е аргумент. Ова е изјава, предавање и проповед.

Македонија вели дека за да се дојде до „заеднички прифатливо решение за името“, мора да ги прифати барањата на Грција и да ги смени своите име и идентитет, што би претставувало историски преседан.

И така, имаме држава со континуирано висока поддршка и од јавноста и од владата (и од левицата и од десницата), држава што ги исполнила (уште во 2008 година) сите поставени и потребни услови да стане членка, а сепак ~ се негира заслуженото и легитимно место на масата поради билатерален спорт – всушност, унилатерален спор. Само Грција се противи Македонија да влезе во НАТО под својот вистински идентитет и име. Ова е неуспех на НАТО и го ослабнува НАТО. Ни помалку, ни повеќе. Ако НАТО „не ја внесе“ Македонија поради овој детинест спор предизвикан од една од нејзините членки, тогаш НАТО „не ќе може“ да ги одбрани своите земји-членки кога ќе дојде време за тоа. Ќе се покаже дека станал хартиен змеј, без заби и без канџи. Се надевам дека ова нема да се случи. Се надевам дека НАТО ќе се опамети и ќе ~ стави крај на оваа пат-ситуација и едноставно ќе ја прими Македонија – држава што го заработи своето место крај масата.

Џејсон МИКО

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top