АПАТРИОТИЗМОТ КАКО АНТИМАКЕДОНИЗАМ НА ДЕЛО! Reviewed by Momizat on . Иста матрица иста политика, во прогресија, но што да се очекува од партија чиј лидер јавно декларира дека не им приличи патриотизмот и треба да живееме како зом Иста матрица иста политика, во прогресија, но што да се очекува од партија чиј лидер јавно декларира дека не им приличи патриотизмот и треба да живееме како зом Rating:

АПАТРИОТИЗМОТ КАКО АНТИМАКЕДОНИЗАМ НА ДЕЛО!

АПАТРИОТИЗМОТ КАКО АНТИМАКЕДОНИЗАМ НА ДЕЛО!

Иста матрица иста политика, во прогресија, но што да се очекува од партија чиј лидер јавно декларира дека не им приличи патриотизмот и треба да живееме како зомби без име со свиткана кичма. Кога ќе прочиташ пак, како некои медиокритети им ја впишале генезата на партијата во Статутот, како правни наследници на СКМ, СКЈ, КПМ, КПЈ се’ до Социјалистичката работничка партија на Југославија (комунисти) формирана 1918 година во Белград, се’ ќе ти стане јасно, туку… За да биде иронијата поголема, СДСМ веројатно е уникатна апатриотска партија која бара власт во национална држава. Колку за волја на вистината, во светот анационални држави нема! Сите држави во светот се национални! Па и Македонија!

Ви 1993 година Владата на СДСМ и ПДП и тогашниот претседател Коро Глигоров ја внесоа државата Македонија во Обединетите Нации по временото обраќање “поранешна Југословенска Република Македонија”. Киро Глигоров во своето обраќање ја прелажа нацијата дека тој акроним ќе важи само три месеци, остана цели 22 години до денес, со сите последици по интегритетот, суверенитетот и дигнитетот на државноста и нацијата. До Бутел, не му се извини на Македонскиот народ.

Во 1995 година Парламентот по предлог на Владата на СДСМ во коалиција со ПДП ја ратификува Привремената македонско-грчка согласност склучена на 13 септември 1995 година под покровителство на ООН, меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Стево Црвенковски од партијата на Стојан Андов и Каролос Папуљас, со која Македонија се откажа од грижата за Македонците по потекло во Грција.

Во 1995 година Парламентот на СДСМ, без опозиција која ги бојкотираше вторите парламентарни избори 1994 година, донесе Закон за смена на шеснаесет-зрачното златно жолто сонце на црвена основа од знамето на државата Македонија.

Во 2002 година, СДСМ формира влада во коалиција со ДУИ. Прво што сторија, го укинаа правото на македонско државјанство за Македонците по потекло. Право на македонско државјанство, Македонците по потекло можеа и тогаш и сега да добијат под истите услови како странци. За сето време, Тирана издава албанско државјанство на сите Албанци по потекло, Белград издава српско државјанство на сите Срби по потекло, Бугарија издава бугарско државјанство на сите Бугари по потекло, Атина издава грчко државјанство на сите Грци по потекло. А за потеклото, доволна е само писмена изјава. Можеби има во ВМРО-ДПМНЕ Македонци со бугарско државјанство, но колку пак има Власи со грчко во СДСМ, само Господ знае. За Албанците од Македонија со албанско и косовско државјанство и да не говориме. Они билдат пописни резултати со исти луѓе во шест држави на Балканот. Како и да е, ги има од сите партии со државјанства од сите соседи. Феномен кој не се анализира.

СДСМ континуирано предлага име со географска одредница што е сервилност кон грчките интереси. “Македонија е премногу толерантна кон своите квислинзи, кои отворено работат за грчките интереси, па и не го кријат тоа”, како што би рекол идеологот на СДСМ Љубомир Данаилов Фрчкоски.

Конечно, во 2015 година СДСМ бара укинување на изборните единици за македонските државјани надвор од Македонија. А, што не се потрудат они да ги добијат тие три мандата?

Е затоа не ни оди како што треба, наместо единство помирување и обединување на сите Македонци во одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, сервилност без граници кон туѓи и други интереси за нивни сфери на влијание во Македонија. И после сто години од Балканските војни се е исто, исти се интересите, исти се актерите, различни се само извршителите и статисти те. (Нео)врховистите и колаборационистите на дело…

Апатриотизмот значи антимакедонизам, без дилема. За жал, веќе видено и потврдено…

И покрај се’, Македонија повторно е суверена држава, Македонците повторно се суверена нација, Македонија е одржлива демократија, Македонците се посветена нација, и таа историја и вистина повеќе никој и никогаш не може да ги смени!

Македонија вечна! Амин!

Тодор ПЕТРОВ

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top