ПРЖИНО ЌЕ ЈА ИСПРЖИ МАКЕДОНИЈА Reviewed by Momizat on . Пред две години во поговорот на мојата книга „Држава како се гради и брани“ напишав: „Откако стана јасно дека Унијата нема да ја прими Македонија под нејзиното Пред две години во поговорот на мојата книга „Држава како се гради и брани“ напишав: „Откако стана јасно дека Унијата нема да ја прими Македонија под нејзиното Rating:

ПРЖИНО ЌЕ ЈА ИСПРЖИ МАКЕДОНИЈА

ПРЖИНО ЌЕ ЈА ИСПРЖИ МАКЕДОНИЈА

Пред две години во поговорот на мојата книга „Држава како се гради и брани“ напишав: „Откако стана јасно дека Унијата нема да ја прими Македонија под нејзиното уставно име (идентитет), Меморандумот за членство во ЕУ прифатен од македонскиот парламент означува готовност за капитулација и тоа од сите политички сили. Зад идејата за единство во врска со тоа прашање се крие стравот дека еден ден ќе им биде побарана сметка ако реализираат едно такво гнасно предавство. Бидејќи и во Библијата е кажано: „Сите согрешија и заедно непотребни станаа““. Тогаш, во 2013 година, уште не постоеше наметнатата политичка криза, но спремноста за капитулација беше иста како во 2001 година. Добро се знае дека ако си спремен да се предадеш, веднаш има газди што ќе ја прифатат капитулацијата (и од надвор, и од внатре).

За тоа договорот од Пржино може да е победа за една или друга партија (секако за ДУИ и ДПА) но е пораз за македонската држава и македонскиот народ. Славењето на победа е компензација за фактичкиот пораз. Тоа е како во вицот: Државата беше донесена на работ на пропаста, но со партиска поддршка направи чекор напред. Одамна се гнасам од недоквакани политичари кои безпаметно зборуваат за демократија и граѓански слободи. Еве зошто: „Ние ќе го фрлиме целото злато на САД, целата моќ на САД за замајување и идиотизирање на луѓето од социјалистичките земји. Невидливо ќе ги замениме човечките вредности со фалшиви. Како? Ќе организираме невидена масовна уништувачка дејност, ќе ги ликвидираме социјалните пораки на литературата, ќе ги поддржиме авторите кои создаваат култ кон сексот, насилството, садизмот, предавството. Простотијата, вулгарноста, лагата, алкохолизмот и наркоманијата, животниот страв во луѓето, кодошењето и сите други пороци мора да се активираат. Така ќе ерозираме генерација по генерација уште по млади години. Ќе создадеме луѓе со консумативна психа, со едноставно мислење и дејствување. Сето тоа ќе го извршиме со лозунгот: Бранење на човековите права и граѓански слободи“. Овие зборови се на Алан Далас – директор на ЦИА. Искажани се уште во 1947 година и се официјална политика на САД до денес зашто ЦИА го управува САД. Таа политика Американците ја спроведуваат и во однос на своите сојузници во Европа и како што изјави генералот Весли Кларк, командант на НАТО во Европа (1997-2000): „САД нема да толерира европска нуклеарна или економска моќ“.

Проблемот на македонската држава од осамостојувањето до денес е во политичкиот систем кој не дава можност за користење на добриот македонски интелектуален и духовен потенцијал. Тој систем контролиран од надвор и олеснуван од македонските социјални, групни и партиски поделби, исфрла на чело на државните институции или партиски војници, или луѓе без квалитет (независно од добиената диплома) или „македончиња“ кои симнуваат гаќи пред секој странец“. Уште на почетокот на 1991 година во Македонија се создаде вештачка ситуација: потпретседател на 24 години, премиер на 29 години во комплет со 73 годишен претседател југоносталгичар. Зарем немаме Македонци со животно искуство и храброст та ставаме луѓе на по 30 години за надворешни работи? А потоа се чудиме зошто немаме успешна дипломатија. Зарем сме толку богата држава та имаме влада од 26 министри од кои седум без ресори? За споредба во Германија која е 40 пати поголема и има трипартиска коалиција владата брои само 18 министри. Несакаме да сватиме дека е ненормално некој да има прв работен ден како пратеник, шеф на кабинет на министер, министер или државен советник. Такви позиции се за завршеток, а не за почеток на кариерата. Како може да управува и да ја советува државата човек кој сам има потреба од советување за неговите лични дела? На Рамазан бајрам во Струга еден возрасен Албанец ми честиташе за ставот сите да бидеме еднакви пред законот, но кажа: „Глупи луѓе од Киро до денешните ни донесоа на власт и тука и во Кичево“. И во право е.

Договорот од Пржино кој претставува турли тава од договорот од 2 јуни надополнет со психопатолошкиот извештај на Прибе и препораките на Европската комисија шири институционален хаос во Македонија. Тоа ќе ја продлабочи кризата затоа што секоја криза се продлабочува на два начина: или преку директно рушење на државните институции или преку законско менување на уставниот поредок. Во Македонија тие два потфати се поклопија како во 2001. Што доби Македонија од прогласениот „излез од кризат“? Голи пофалби од ЕУ и САД и нови наредби со цврст мониторинг (контрола) за нивното спроведување.

Пре македонските политичари има две опции. И во двете државата останува во ќор сокак. Со едната, политичката криза чекор по чекор ќе ескалира така што „бомбите“ ќе продолжат но на нов начин. Првата „бомба“ ќе биде уште на 13 август кога вицепремиерот Муса Џафери го најави објавувањето на извештајот за спроведување на Рамковниот договор. За анализата во извештајот кој веќе една година се крие од јавноста се платени 100.000 евра. Од зборовите на Џафери дека не бил објавен заради политичката криза е веќе јасно каква ќе биде неговата содржина и препораки. При тоа овој пат се бара владата да го потврди извештајот.

Следната „бомба“ ќе пукне до 15 септември во врска со изборот на специјален јавен обвинител. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе бараат човек по свој терк заради прислушувањата, а ДУИ ќе биде арбитр.

Третата „бомба“ ќе биде на 20 октомври кога мора да биде назначен нов министер за внатрешни работи по предлог на СДСМ и по консултации со ВМРО и ДУИ. Оваа „бомба“ ќе го стави во сенка изборот на министер за труд и социјала и на уште пет заменици министри. „Бомбите“ поврзани со вето и блокада во нивните ресори ќе ги гледаме во идните месеци.

Петтата „бомба“ ќе се јави по гласањето на нов премиер на 15 јануари. Всушност тогаш ќе запукаат „бомби“ и внатре во владата и надвор од неа, па и од ЕУ и САД.

Со два збора првата опција е намерно блокирање на изборите на 24 април и продолжено владеење на хибридната и хаотична влада. Со тоа се враќаме на сценариот во Украина од пред две години. Обратете внимание колку децидно месец по месец се заложени „бомбите“ за зголемување на тензијата.

„Позитивната“ опција е одржување на изборите на споменатиот датум. Отсега може да се каже дека независно од странската контрола и уцени во ДИК, независно од пропагандата ВМРО ќе има предност. Но, недоволна за стабилна влада. Затоа хаосот ќе продолжи. Од тој ќорсокак ќе има два излеза. И двата се легитимни иако едниот е незаконски. Лигитимниот законски е во своите пратенички листи ВМРО да стави точни луѓе за точни функции, а не партиски „македончиња“. Потоа да се формира влада сосема различна од досегашната. Другата варијанта е македонскиот народ да ја земе работата во свои раце и да се ослободи од домашните и странските душмани. И таа варијанта е целосно легитимна и исправна, зашто народот ја дава и ја одзема власта, и секогаш има право да ја брани својата држава и слобода на сите можни начини.

Стефан Влахов Мицов

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top