ИМЕТО НА ДРЖАВАТА СЕ СОСТОИ САМО ОД ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН ЗБОР – ЗБОРОТ МАКЕДОНИЈА Reviewed by Momizat on . Македонија нема сложено или композитно име составено од два или повеќе збора! Македонија нема име за внатрешна употреба и име за надворешна употреба! Македонија Македонија нема сложено или композитно име составено од два или повеќе збора! Македонија нема име за внатрешна употреба и име за надворешна употреба! Македонија Rating:

ИМЕТО НА ДРЖАВАТА СЕ СОСТОИ САМО ОД ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН ЗБОР – ЗБОРОТ МАКЕДОНИЈА

ИМЕТО НА ДРЖАВАТА СЕ СОСТОИ САМО ОД ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН ЗБОР – ЗБОРОТ МАКЕДОНИЈА

Македонија нема сложено или композитно име составено од два или повеќе збора!

Македонија нема име за внатрешна употреба и име за надворешна употреба!

Македонија нема име за дома и меѓународно име за светот!

Акронимот “поранешна Југословенска Република Македонија” (The former Yugoslav Republic of Macedonia) од 8 април 1993 година не е име за меѓународна употреба, туку времено обраќање за државата Македонија само во системот на Обединетите Нации, додека траат разговорите за разликата за државното име меѓу Македонија и владата во Атина.

Македонија не разговара во Обединетите Нации за замена на временото обраќање со ново меѓународно име!

Обединетите Нации не определуваат име на народ, јазик и држава! Името на народот, јазикот и државата е суверено, неприкосновено и неотуѓиво право на народите!

Името на Македонскиот народ е нераскинливо поврзано со името на државата Македонија! Името на државата Македонија е нераскинливо поврзано со името на Македонскиот народ!

Ние сме Македонци поради името на државата Македонија! Името на државата Македонија постои поради нас Македонците континуирано во време и простор од пред нашата ера до денес!

Името на државата Македонија за Македонците не претставува само географија, туку идентитет и етнологија, култура и историја, идеологија и филозофија! За Македонците името на државата Македонија значи се’, крваво стекната држава и слобода!

Името на државата е потврдено и затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонците, граѓаните на Македонија, во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА” без додавки и без придавки. По Устав, одлуката од референдумот е задолжителна за сите без исклучок!

Резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите Нации од 1993 година и македонско-грчката Времена Согласност од 13 септември 1995 година не прејудицираат договор за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, туку упатуваат на разговори за разликата за државното име! Разговорите за разликата за државното име не мора да завршат со договор за негова промена!

Македонија разговара за разликата за државното име со јужниот сосед затоа што така нејзиниот тогашен премиер Бранко Црвенковски и претседател Киро Глигоров се согласиле на тоа. Се согласиле со молк без протест да помине во Советот за безбедност на Обединетите Нации тоа. Впрочем, Македонија не разговара за разликата за државното име затоа што тоа е право на Советот за безбедност на Обединетите Нации да наметнува некому име, туку затоа што тоа доброволно го прифатиле тогашниот премиер и претседател на државата Македонија.

Киро Глигоров во своето јавно обраќање во април 1993 година ја прелажа нацијата дека временото обраќање во Обединетите Нации ќе остане само три месеци а го м’кнеме до денес и не и’ се извини на нацијата за таа лага до крајот на неговиот живот.

Името на државата се состои само од еден и единствен збор – зборот Македонија, и никако поинаку освен Македонија, од векови за навек!

Затоа се отфрла референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Нов референдум за името на државата нема да претставува референдум за негова одбрана, туку за негова трајна промена!

По меѓународно право името на државата е идентитетот на нацијата, затоа што името на националноста по автоматизам произлегува од името на државата. Промената на името на државата претставува трајна промена на името на нацијата – името на народот и јазикот.

Македонците во целиот свет отфрлаат рекомпонирање на власта и дестабилизација на земјата со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците во целиот свет бараат безусловен крај на разговорите, сега и веднаш, за разликата за државното име со јужниот сосед и безусловно продолжување на членството на државата Македонија во Обединетите Нации под нејзиното историско име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република”, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и македонскиот јазик, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција и југо-западна бугарска провинција Македонија, независно од историските хипотеки – окупацијата врз Македонија од Балканските Војни 1912-1913 година и геноцидот врз Македонскиот народ кој трае до денес!

Неоврховистите и колаборационистите и нивните ментори во светот и дома, не смеат да заборават дека, разговорите за разликата за државното име и евентуален договор за негова промена не значат слобода на мислата и уверувањето или демократија, туку најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ, флагрантно кршење на Уставот и меѓународното право и злосторство против човештвото што не застарува!

Насилната промена на името на државата и идентитетот на нацијата претставува дестабилизација на Македонија и на Балканот во целина!

Европската Унија и НАТО Алијансата не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, макар биле единствената држава во светот надвор од овие сојузи на држави!

Се’ друго е лага, еднакво на војна и смртна пресуда!

Поради сето ова, Светскиот Македонски Конгрес како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, повикува на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на нацијата – името на Македонскиот народ и името на Македонскиот јазик!

Македонија вечна! Амин!

Тодор ПЕТРОВ

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top