Не си играјте со името на Македонија! Reviewed by Momizat on . Нешто многу сериозно не е во ред во Македонија, кога на една таканаречена лидерска средба на македонско-албанските партии, Мендух Тачи открива еден нов и неочек Нешто многу сериозно не е во ред во Македонија, кога на една таканаречена лидерска средба на македонско-албанските партии, Мендух Тачи открива еден нов и неочек Rating:

Не си играјте со името на Македонија!

Не си играјте со името на Македонија!

Нешто многу сериозно не е во ред во Македонија, кога на една таканаречена лидерска средба на македонско-албанските партии, Мендух Тачи открива еден нов и неочекуван момент во кој се дознава дека една од причините за неуспехот на средбата е проблемот со името. За кое Име се работи? За името на Македонија?! Од каде пак сега тоа станува тема за разговор помеѓу завадените лидери? Зошто за овој нов момент слушаме од Тачи? Зошто премиерот и Заев молчеа по неуспешната средба? Дали една длабоко политички и морално искомпромитирана личност како Тачи е намерно избрана да ни соопшти нешто за кое што не смееме да сонувме ниту во најстрашните ноќни мори?

А тоа е дека сепак македонските политичари имаат намера да дојдат до компромисно решение помеѓу себе, а со тоа и со Грција со договорена промена на името. Кога на една ваква средба е присутен, покрај американскиот амбасадор Бејли и конгресменот Елиот Енџл, тогаш треба сите да бидеме длабоко загрижени. Тој конгресмен од Нјујорк е познат платен лобист од страна на албанската дијаспора и со години наназад силно се залага за таканареченото албанско прашање во Македонија. Тој платен американски политичар не смеел да присуствува на една ваква средба затоа што се работи за конфликт на интереси. Груевски и Заев на македонскиот народ му должат поопширно објаснување околу ова прашање. Се сомневам дека се работи за крајно сериозна состојба во која се подготвува велепредавство на името. Како Македонец, Како потпретседател на СМК барам објаснување и од Груевски и од Заев. Барам од нив јавно да образложат зошто еден Тачи дава такви изјави, додека тие молчат и се кријат зад штури партиски соопштенија?

Името Македонија не е предмет на никакви политички игри и интриги ниту на Груевски, ниту на Заев, а најмалку на Тачи и Ахмети. Уставната обврска на сите нив е да ги штитат интересите на Македонија и на македонскиот народ. Името на Македонија ниту било, ниту ќе биде предмет на какви било договори, преговори и компромиси. Тоа е неприкосновено право на Македонскиот народ и тоа мора да го знаат и албанските политичари во Македонија и американските и европските посредници, а најмногу оние кои се избрани од македонскиот народ.

Проф. Нестор Огинар, САД

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top