ЕЛЕНА ТРАЈАНОВСКА НА НАСЛОВНА НА ЈАПОНСКИ МАГАЗИН

Македонската моделка Елена Трајановска, која гради успешна кариера надвор од земјава, осамна на уште една насловна страница. Овој пат се работи за насловната на јапонското списание „Dazzle“ за актуелниот месец јуни 2015. Ова е еден од нејзините последни ангажмани во Јапонија, од каде што заминува за Париз и Њујорк каде што веќе ја очекуваат нови договорени соработки. ...

Read more

ДАНЧО ЃОРЃИЈЕВСKИ: ПОРАДИ ПУБЛИКАТА, ЗАБОРАВИВ НА БОЛКАТА И ГО ЗАВРШИВ „АЈРОНМЕН“ ВО ДАНСКА

Некои трки ги завршуваш со чувство на радост, некои со чувство на слава, а некои пак низ тешка агонија и болка како што беше случајот со мене на оваа трка во Данска. Но на крајот на денот најголемото задоволство е што можам да кажам дека сум бил финишер на натпреварувањето „Ајронмен Kронборг“. Ова на својот фејсбук-профил го напиша спортскиот ентузијаст и авантурист Данчо Ѓорѓијевски од Македонија, кој посл ...

Read more

ЦЕЛОДНЕВЕН ХЕПЕНИНГ ВО ЧЕСТ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА МУЗИКАТА

Со целодневен музички хепенинг, на 21 јуни на градската „Школка“ во Парк за првпат ќе биде одбележан Светскиот ден на музиката. Македонската музичка индустрија (ММИ) и Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП), како организации кои колективно управуваат со правата на музичките изведувачи и автори, за првпат ќе организираат културен настан кој веќе традиционално се организира во повеќе од 400 г ...

Read more

ПОЧНУВА „БАСКЕРФЕСТ“

Денес започнува 10. јубилејно издание на популарниот „Баскерфест“ кое до 21 јуни ќе се одржува на плоштадот „Филип Втори“. На уличниот фестивал се најавени околу 100 учесници, изведувачи од целиот свет. Жонглери, брејкденсери, куклен театар, одење по жица и перформанси со оган се само дел од програмата на годинешниов театар на отворено. За првпат, секојдневно ќе има и детска креативна работилница каде што н ...

Read more

МАНУ ЧАО НА „Д ФЕСТИВАЛ“ ВО ДОЈРАН

Убава вест стигна од „Пасворд Продукција“- еден од најважните гласови на светската музика, автентичниот Ману Чао доаѓа на „Д фестивал“ во Дојран, за добра свирка и средба со македонска публика. Тој ќе ја предводи програмата на главната бина на 19. јули, со својата „Ла Вентура“, која, покрај него, ја сочинуваат и гитаристот Маџид, басистот Гамбит и тапанарот Гарбансито. „Ла Вентура“ во Дојран ќе биде засилен ...

Read more

ДВЕ НАГРАДИ ЗА СKОПСKИОТ МАKЕТАР ДРАГАН ЦВЕТИЌ

Пластичните макети на тенкот „М-84“ и на хеликоптерот „ми-24В“, кои ги изработи скопјанецот Драган Цветиќ (31), завчера освоија две награди на меѓународниот натпревар по макетарство во Ниш, Србија, каде што имаше учесници од Србија, Македонија, Грција и од Бугарија. Со макетите на тенкот и хеликоптерот Цветиќ освои две трети места. Тој е еден од ретките ентузијасти во земјава што се занимаваат со ова хоби, ...

Read more

КАРОЛИНА НА „ЕГЗИТ“

Во сабота на 11 јули, на „Fusion Stage“ на еден од најголемите фестивали во овој дел од Европа, на култниот „Егзит“ настапува и нашата Каролина Гочева, објавуваат од „Авалон продукција“. Каролина настапува со својот бенд, а во фокусот на вниманието е проектот „Македонско девојче“. На ова јубилејно 15. издание на „Егзит“, концерти ќе имаат: „Emeli Sande“, „Faithless“, „The Prodigy“, „Hardwell“, „Motorhead“. ...

Read more

ДА МУ СТИСКАМЕ ПАЛЦИ НА КАЈМАКОСКИ

Благодарение на минатогодишната победа на Кончита Вурст и песната „Rise Like a Phoenix“, Австрија стана домаќин на јубилејното 60. издание на „Евровизија“, најгледаниот музички натпревар ширум планетата. Во Виена се' е подготвено за вечерашниот музички спектакл што од „Штатхале“ ќе го следат 200 милиони гледачи, а 40 земји ќе се борат за престижната титула на победник. Да потсетиме дека настанот го следат 1 ...

Read more

ПОЗНАТИ УЧЕСНИЦИТЕ НА „МАКФЕСТ“

Македонско-странско жири заедно со гласовите од телевоутинг (30 отсто) ќе одлучуваат за победниците на јубилејното 30. издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, кој ќе се одржи на 3, 4 и 5 јуни во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Се' е подготвено за големиот јубилеј, информираа организаторите на вчерашниот прес во „Порта Македонија“, каде што во присуство на дел од изведувачите, автори, нов ...

Read more

„ЕВРОВИЗИЈА“: КАЈМАКОСКИ – СКАПО И КОМОТНО НА СЦЕНАТА ВО ВИЕНА

Македонскиот претставник на „Евровизија“, Даниел Кајмакоски, полека го составува мозаикот околу претстојниот настап. За неговиот изглед на сцената и надвор од неа ќе се погрижи стилистката Ивана Рабреновиќ, која соработуваше со Даниел и во шоуто „Икс-фактор“, работеше со Тијана Дапчевиќ минатата година во Копенхаген, а нејзин најзабележан евровизиски проект е Марија Шерифовиќ, победничка на „Евровизија“ во ...

Read more

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top